Националната канцеларија на Интернационалната стопанска комора од Скопје во соработка со Царинската управа на РСМ денес преку видео-конференциска врска одржа работилница на тема „Имплементација на најдобрите интернационални практики за справување со корупција“.

Работилницата е поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија со цел зајакнување на капацитетите на надлежните институции за воспоставување на транспарентен, ефикасен и одржлив систем за справување со корупцијата.

“Денешното споделување на методи на практично делување за сузбивање на корупцијата не произлегува само од намерата да информираме и да декларираме спремност во борбата против корупцијата која му штети на владеењето на правото, развојот и човековото право.” – Истакна Сугарески.

Од овој координиран настан со цел имплементација на најдобрите интернационални практики за справување со корупција која би допринела кон взаемна ефикасна усогласеност превземаме:

-      Проактивност во работењето;

-      Извршување канцелариски инспекции;

-      Создавање на процедури и системи што ги спречуваат пропустите на интегритетот;

-      Силни внатрешни контроли;

-      Остри казни, дисциплински мерки или  кривични пријави за вработените кои ќе бидат затекнати во вршење коруптивни практики;

-      Современо, интензивирано и усогласено делување со мобилизирање на ресурсите на одговрните институции, со засилени капацитети ангажирани во истражна, финансиска, техничка и политичка помош за намалување на корупцијата;

-      Подобрено споделување на информации и нови конкретни реформи со осетни придобивки;

-      Разоткривање, замрзнување и поврат на средствата украдени при коруптивни делувања;

-      Финансиска транспарентност и отчетност;

-      Пристап до владините програми, политики и трошења;

-      Поддршка за граѓанското општество и медиумите во нивните активности на истражување и анализирање на коруптивните тенденции и сплотено превентивно делување кое вклучува и партнерски однос со деловната заедница;

-      Спречување на перење на пари;

Борбата против криминалот и корупцијата и сузбивањето на сивата економија се приоритетна цел на сите нас и се точки високо поставени на приоритетната листа и на Владата на Република Северна Македонија.

Преку видео-конференциска врска заедно со Националната канцеларија на Интернационалната стопанска комора од Скопје, денес одржавме едукативна работилница на тема „Имплементација на најдобрите интернационални практики за справување со корупција“. Работилницата беше поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија со цел зајакнување на капацитетите на надлежните институции за воспоставување на транспарентен, ефикасен и одржлив систем за справување со корупцијата. 

Денешното споделување на методи на практично делување за сузбивање на корупцијата не произлегува само од намерата да информираме и да декларираме спремност во борбата против корупцијата која му штети на владеењето на правото, развојот и човековото право. Борбата против криминалот и корупцијата и сузбивањето на сивата економија се приоритетна цел на сите нас и се точки високо поставени на приоритетната листа и на Владата.

  

Screenshot 2021-07-07 101941
Screenshot 2021-07-07 101941
Screenshot 2021-07-07 1029334
Screenshot 2021-07-07 1029334
Previous Next Play Pause
1 2