11-тиот состанок на ПЕМ Заедничкиот комитет преку далечинско поврзување се одржа на 1ви јули 2021 година со сите земји пристапнички на ПЕМ Конвенцијата. Заедничкиот комитет на Паневромедитеранската конвенција (ПЕМ) преференцијални правила за потекло се одржува два пати годишно и на овој комитет се носат одлуки поврзани со правилата за потекло во рамки на конвенцијата.

Согласно последната состојба не се успеа да се добие заеднички договор за измена на постоечките правила за потекло и започна постапка на измена на сите договори за слободна трговија на билатерална основа и во сите договори да се воведат нови правила или транзициони правила. Овие   нови правила за потекло (транзициони правила за потекло) треба да обезбедат значително олеснување на условите за добивање на македонско преференцијално потекло и поголем извоз на пазарите во регионот. Кога ќе се изменат договорите за слободна трговија ќе важат истовремено и постоечките и транзиционите правила за потекло и компаниите ќе може да изберат кои правила сакаат да ги користат при извоз, а транзиционите правила единствено ќе важат кога истите ќе бидат усвоени од сите земји потписнички на ПЕМ Конвенцијата.

Европската комисија на овој состанок повторно ги праша земјите, кои не ги прифатија транзиционите правила, дали има некаква промена во нивниот став и единствено Мароко изрази интерес за разговор.

 

050720219999