Високи претставници на Царинската управа зедоа учество на 138-от состанок на Советот за царинска соработка на Светската царинска организација (СЦО). СЦО е глобален меѓународен признат центар на царинска експертиза и има водечка улога во развојот, промовирањето и спроведувањето на современи царински системи и процедури. Состанокот се одржува преку видео конференциска врска од  24-26 јуни 2021 година.

Нашата држава како членка на СЦО е претставувана од страна на Царинската управа и е договорна страна кон многу конвенции и инструменти на СЦО, како што се Конвенцијата за Хармонизиран Систем, Ревидираната Кјото Конвенција за олеснување и забрзување на царинските постапки, Рамката на стандарди за сигурност и безбедност на меѓународната трговија.

На состанокот, по изнесените коментари на претседавачот на Советот и генерералниот секретар на СЦО, беше презентиран и усвоен извештајот за работа на СЦО. Како најзначајни постигнувања во изминатиот период се следниве:

-          Акциониот план за КОВИД-19 содржи 25 активности кои треба да се спроведат со цел соодветно да се одговори на 17-те мерки кои беа наведени во Резолуцијата усвоена од Советот во декември 2020 година.

-          Усвојување на измените на Хармонизираниот Систем што ќе почнат да се применуваат од 01.01.2022 година

-          Беше усвоен новиот пакет на СЦО за Е-трговија што треба на земјите членки да им обезбедат подобри услови за примена на прекуграничната е-трговија

-          Беше усвоен нов пакет SAFE – за сигурност и олеснување на меѓународната трговија.

Исто така, беа разгледни точки што се однесуваат на Хармонизираниот систем, одделни технички царински прашања кои се од суштинска важност за Царината како, градење на капацитети, тарифно распоредување и трговија, усогласување и олеснување. Презентирани беа заклучоци и препораки на Комисијата за политика за разгледување и одлучување од страна на Советот, а беше побарана и поддршка за препораките изнесени во извештаите на Комитетот за финансиски прашања.

Светската царинска организација има за цел да постигне поголема ефикасност и ефективност кај сите 183 земји членки при царинските администрации и да им се пружи помош за успешно постигнување на поставените цели на национално ниво во областа на прибирање на даноци, национална безбедност, олеснување на трговијата, заштита на општеството и прибирање на статистички податоци. 

2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5