На денешниот состанок на Советодавното тело при Царинската управа се разгледаа повеќе актуелни прашања од областа на царинското работење и барања на деловната заедница.

На претставниците на деловната заедница им беа презентирани предлог измени на Законот за застапување. Со овие измени предвидени се неколку олеснувања во постапката за добивање на лиценца за царински застапник и во целокупното работење на царинските застапници.

Сојузот на Стопански комори, даде предлог за одредени измени на Царинскиот закон, овие предлози беа разгледани во конструктивна дебата. Исто така, претставниците на Советодавно тело беа информирани за последните измени на царинското законодавство, согласно измените на Законот за прекршоци со кои значително се намалени казните за царинските прекршоци, имплементирано е законско начело на пропорционалност, воведено е пропишување на глобите во распон наместо досегашниот нивен фиксен износ, систематизирање на царинските прекршоци во 2 основни групи - тешки прекршоци (кои се со фискални имликации, односно се поврзани со избегнување на царинската контрола и надзор и/или со избегнување на плаќање на пропишаните увозни давачки) и лесни прекршоци (кои се поврзани со пропуштање на рокови или со неисполнување на обврски кои главно се без фискални импликации) и друго.

За време на состанокот презентиран беше и моменталниот статус на проектот за воведување на Новиот едношалтерски систем, како и новите иницијативи за олеснување на трговијата согласно новите правила за потекло на стоки.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6