ПРЕЗЕНТИРАНА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА РАСПОЗНАВАЊЕ НА АВТЕНТИЧНОСТА НА АКЦИЗНИТЕ МАРКИ
ПРЕЗЕНТИРАНА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА РАСПОЗНАВАЊЕ НА АВТЕНТИЧНОСТА НА АКЦИЗНИТЕ МАРКИ
Во просториите на Царинската управа се одржа презнтација на апликацијата за мобилни телефонски уреди која служи за распознавање на автентичноста на акцизните марки. Оваа мобилна апликација ќе ја користат ограничен и селектиран број на корисници-царински службеници кои ќе имаат доделени привилегии од страна на Царинската управа.
На работната презентација на апликацијата практично беа тестирани нејзините фунционалности од страна на корисниците и дадени им беа соодветни напатствија за користење. Со вклучување преку видо-конференциска врска, креаторот на апликацијата истакна дека апликацијата е изработена во две верзии, за два оперативни исистеми - iOS и Anadroid во зависност од употребата на мобилниот уред.
Оваа веб страна користи колачиња (cookies) за статистичка анализа и подобри перформанси. Колачињата се анонимизирани и во секое време може да ги контролирате и конфигурирате во вашиот веб пребарувач.