Благодарение на соработката која изминатиот период се градеше, царинските застапници станаа најблиски соработници на Царинската управа и имаат клучна улога во спроведувањето на брза и ефикасна царинска постапка.

Директорот Сугарески, на средбата која денес ја имаше со царинските застапници, ги посочи приоритетите кои како директор на Царинската управа ги има зацртано во однос на борбата против криминалот и корупцијата, како и борбата против сивата економија. Целосната модернизација и дигитализација на сите царински постапки останува да биде високо позиционирана цел во мисијата на Царинската управа.

“Доколку соработката е на задоволително ниво, корист ќе имаат сите во општеството, економските оператори, министерствата и државните органи, граѓаните. Квалитетното извршување на царинските постапки, во голема мерка, влијае и на правилната наплата на царинските и други увозни давачки, на олеснувањето на трговијата, како и на транспаретноста и на борбата против корупцијата”, истакна Сугарески.

Исто така, на присутните им беа преентирани и неколку клучни приоритети за наредниот период кои се однесуваат на:

   - Дигитализација на царинските постапки,

   - Проектот за воведување на Нов национален едношалтерски систем-NSW

   - Промовирање на концептот за Овластен економски оператор

   - Набавка на скенер за возила и камери за тело за царинските службеници

Целта на оваа средба беше царинските застапници како директни учесници во царинската постапка, да се охрабрат и да ги искажат своите предлози, приоритети, поплаки и сугестии. За време на работната средба, присутните зедоа активно учество, дискутирајќи за конкретни ситуации со кои се соочуваат во секојдневното работење. На сите нивни прашања во врска со одредени царински постаки, веднаш им беше одговарано од стручни царински службеници, во зависност од областа на која се однесуваа прашањата.

Предлозите и сугестиите кои ги посочија царинските застапници, ќе бидат земени во предвид во понатамошните активности, бидејќи  Царинската упрва останува да биде партнер на деловната заедница и посветено да работи на подобрување на сите сегменти во заедничкото работење.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6