Претставници на Царинската управа од Секторот за контрола и истраги и директорот Сугарески денес како домаќини одржаа средба со претставници на Канцеларијата на  Обединетите Нации за дрога и криминал. Средбата беше со цел договарање на активностите и обврските што произлегуваат од формирањето на национална аеродромска меѓуагенциска група на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Акцијата се спроведува преку соработка со Регионалната програма на УНОДЦ за Југоисточна Европа со Програмата за контрола на контејнери (CCP- градење на капацитети за управување со ризик, безбедност на синџирот за снабдување и олеснување на трговијата на пристаништата, аеродромите и копнените гранични премини за да се спречи прекугранично движење на недозволена стока) на УНОДЦ и Светската Царинска Организација, и Проектот за комуникација на Аеродромите (AIRCOP-воспоставување на оперативна комуникација во реално време меѓу аеродромите заради спречување и борба против прекуграничниот криминал и тероризам) на УНОДЦ, Светската Царинска организација и Интерпол.

Активностите во делот на споменатата акција се финансирани од Европската унија, во рамки на Регионална програма за Југоисточна Европа, како заедничка Акција на ЕУ и UNODC за подобрено владеење на правото и добро управување преку мерки за селектирани гранични контроли во пристаништата и на аеродромите. Ваквите активности истовремено се спроведуваат во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Србија, Република Северна Македонија и Косово.

Активностите на овој план се регулираат со Писмо за спогодба меѓу Република Северна  Македонија и Канцеларијата на Обединетите Нациии за дрога и криминал.

Царинската управа настапува како активен учесник со голема одговорност, а денешниот состанок се користи за потврда и допрецизирање на досега спроведените подготвителни активности и идни конкретни договорени делувања. Светската царинска организација настапува  како партнер и активен чинител за успешно имплементирање во споменатата акција на ЕУ и УНОДЦ, преку Проектот за комуникација на аеродромите, како и во Програмата за контрола на контејнери.

3
3
1
1
2
2
Previous Next Play Pause
1 2 3