Донесена е Одлука за утврдување на износот на трошоците за печатење и чување на акцизните марки за обележување на тутунските производи и алкохолните пијалаци, кои Царинската управа ги наплатува од акцизните обврзници кои се регистрирани корисници на акцизни марки.

 

 

За акцизните марки за обележување на тутунските производи и течноста за електронските цигари од Тип 1, Тип 2, Тип 3, Тип 4 и Тип 5 утврдени во Правилникот за димензиите, формата и ознаките на акцизните марки за обележување на тутунските производи (Службен весник 246/2019) се утврдува единечна цена по парче во износ од 0,22 денари за една акцизна марка.

За акцизните марки за обележување на алкохолните пијалаци од Тип 1, Тип 2, Тип 3 и Тип 4 утврдени во Правилникот за димензиите, формата и ознаките на акцизните марки за обележување на алкохолните пијалаци (Службен весник 246/2019) се утврдува единечна цена по парче во износ од 1,00 денар за една акцизна марка.

Трошоците за печатење и чување на акцизните марки од оваа Одлука, акцизниот обврзник и корисник на акцизни марки ги уплаќа на сметка на буџетски корисник 0900300175 631 14 и приходна шифра 723220, програма 20.

Износите на трошоците за печатење и чување на акцизни марки на оваа Одлука ќе започнат да се преминуваат од 01.01.2021 година и ќе се однесуваат за сите поднесени пријави за планирани количини на акцизни марки поднесени од страна на акцизните обврзници почнувајќи од 01.01.2021 година.

Оваа Одлука стапува на сила на 30.12.2020 година, а ќе се применува почнувајќи од 01.01.2021 година.

Одлуката е јавно објавена на страната на Царинската управа на РСМ, и се наоѓа на следиот линк: https://customs.gov.mk/images/odlukizapecatenje.pdf.