Обединетото Кралство ја напушти Европската Унија на 31.01.2020 година со преоден период од 11 месеци. Согласно заедничкиот договор, за т.н транзиционен период, законодавството на ЕУ се применуваше и за Обединетото Кралство и немаше никакво влијание на царинските и надворешно-трговските постапки.

Од 01.01.2021 година Обединетото кралство и официјално не е членка на ЕУ, што значи станува трета земја во ЕУ и повеќе не учествува во процесот на носење одлуки во ЕУ.

Имајќи во предвид дека Велика Британија е еден од најзначајните наши трговски партнери, со кој имаме воспоставено високо ниво на надворешна-трговска соработка во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Царинската управа изминатата година оствари низа билатерални средби со претставници на компаниите кои тргуваат со Обединетото Кралство, разговараше за важноста на Брегзит  и активно учествуваше во процесите на преговорите.

Република Северна Македонија во декември 2020 година потпиша  Спогодба за партнерство, трговиjа и соработка помеѓу  Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Северна Македониjа . Врз основа на одредбите од оваа спогодба надворешно-трговската размена и преференциjалните царински стапки меѓу Република Северна Македонија и ОК почнуваќи од 01.01.2021 година се применуваат врз основа на овaa новa спогодба.

Царинската управа изготви Царински прирачник со цел да се доближат до деловниот сектор сите измени кои стапуваат во сила од 01.01.2021. Целиот прирачник може да го видите тука:

 

ПОДГОТОВКА ЗА БРЕГЗИТ ПРИРАЧНИК