Во текот на денешниот ден, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа  онлајн презентација на резултатите од петтата годишна проценка на деловното опкружување во државата.

Истражувањето е најобемна домашна анализа на состојбата со правната регулатива, усогласеноста на компаниите со прописите, работата на инспекциските служби, мерките за борба со сивата економија, јавните набавки, работните односи, даночната политика и достапноста на информациите за законските измени, кои се клучни за поволна деловна клима. За истражувањето се поканети над 3.000 компании и добиени се 543.000 валидни одговори кои се искористени за анализа и изработка на Извештајот.

Овој проект успешно го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР во партнертво со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори, а со поддршка на УСАИД.

Испитаниците беа прашани и за мислење за цела серија регулативи и се заклучи дека во петгодишниот период сите бележат подобрување. Но, област со највисок степен на подобрување на регулативата е царинската регулатива со 25 процентни поени .

За постигнување на интересите на бизнис секторот, важноста на капацитетите на коморите е доста битна. Во текот на изминатите пет години, вклученоста на коморите во процесот на донесување на правната регулатива се зголеми за 11 процентни поени.

Целиот извештајот може да го преземете од следниот линк: https://bit.ly/37SPWTI

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3