Царинската управа во насока на дигитализација на работните процеси отпочна со активности на проектот Е-Царина, преку кој е планирана употреба на новиот Систем за обработка на царински декларации СОЦДАД.
Овој систем го користат неколку пилот царински испостави во кои царинските декларации се обработуваат со овој систем.
Со цел подготовка на сите засегнати страни, на 16.02.2019 година организиран е состанок со 40 царински застапници од различни компании. На состанокот беа прикажани начинот на процесирање на царински декларации преку овој систем и неговите функционалности, како и поврзувањето со модулот за Интегрирана тарифна околина прeку кој ќе се пресметуваат царинските и други давачки.
Царинската управа и во иднина ќе организира вакви состанoци со цел навремено информирање и запознавање на корисниците на услугите со основите на апликациите за спроведување на царинските постапки.