- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2030
Со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на патници и стока, информираме дека политичката партија ВМРО – ДПМНЕ најави дека во период од 19-24.12.2017 година ќе врши блокирање на граничните премини и тоа:
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2098
Ве информираме дека од страна на грчката царинска служба најавен е штрајк на грчките царински служби. Според најавите, на граничните премини кон Република Грција во период 9.11.2017 до 10.11. 2017 година (од 5 до 5 часот наутро на ГП Ники/Меџитлија и од 5 до 24 часот на 9.11.2017 година на ГП Евзони/Богородица и ГП Дојрани/Дојран) од грчка страна нема да бидат пропуштани товарни и патнички моторни возила, освен итни случаи, а пешаците слободно ќе можат да се движат.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 1742
Ве информираме дека по еднодневниот штрајк на грчките цариници, денес (20.10.2017 година) е нормализиран сообраќајот кон Република Грција. Сообраќајот се одвива нормално на граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2689
По најава од страна на грчката царинска служба, Ве информираме дека на ден 19.10.2017, во интервал од 05:00 до 23:00 часот, започнува штрајк на грчките царински службеници.
Според најавите, на граничните премини од грчка страна нема да бидат пропуштани товарни и патнички моторни возила, освен итни случаи, а пешаците слободно ќе можат да се движат.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2075
Ве информираме дека е нормализиран товарниот железнички сообраќај од и кон Република Грција, што беше во прекин од 07.09.2017 година.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2177
Поради пожар на територија на Република Грција од кој се зафатени и железничките пруги од 07.09.2017 година во целосен прекин e железничкиот сообраќај од и кон Република Грција.Прекинот според најавите од грчки железници ќе трае неколку дена.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2582
По официјална најава од страна на грчки царински службеници, информираме дека од денес (31.05.2017 година) од 21:00 часот започнува генерален штрајк на грчките царински службеници кој ќе трае 24 часа.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2899
Ги информираме шпедициите и економските оператори кои имаат одобрение за локално царинење во испоставата Скопје 1 (1010) дека асикудскиот сервер за испоставата Скопје 1 (1010) е повторно во функција.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 2203
Поради штрајк на вработените во МЖ Инфраструктура и МЖ АД Транспорт од 18.02.2017 година од 07.00 часот железничкиот сообраќај е во целосен прекин како на влез така и на излез од РМ.Според неофицијални информации штрајкот ќе трае се до исполнување на нивните барања.
- Детали
- Категорија: Состојба на граници
- Посети: 1992
Ве известуваме дека од денес 17.02.2017 година (петок) од 11 часот блокадата на ГП Евзони – Богородица од грчка страна е прекината, односно повторно е воспоставен нормален проток на патнички и товарни моторни возила на овие гранични премини.