Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15 и 53/15) и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/16), Царинската управа на Република Македонија, објавува

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола

за собирање и/или транспортирање на отпад

 

 

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во Царинската управа во Скопје, Царинарниците во Куманово, Штип и Гевгелија.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Зулќуфли Јашари, телефон за контакт: 071 740 013,  електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Царинската управа, Сектор за административни и технички работи, ул. ,,Лазар Личеноски’’ бр.13 – 1000 Скопје или електронски, преку следниот линк http://www.customs.gov.mk објавен на веб страната на Царинската управа.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е  10.10.2016 година до 16:30 часот.

 

 

Инструкција по јавен повик