Царинската управа на Република Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок до 28.01.2019 година.

Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 05, 07, 12 и 14 февруари 2019 година со почеток во 10:00 часот.

Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа

Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник: 090030017578714

Приходна шифра и програма: 725939 20

Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)

Сите лиценцирани застапници кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:

  1. ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и
  2. Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово. Пријавата може да ја најдете тука.

Рок за доставување на пријавите: до 28.01.2019 година

Претходната обука ќе се одржи во според следниов распоред.

 

Распоред за претходна обука

Тема на обукатаДатумЧас
1.Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи05.02.201910,00 – 12,00
2.Спроведување на транзитна постапка05.02.201912,30 – 14,30
3.Даноци, акцизи и даночна политика05.02.201914,45 – 16,45
4.Царински дозволено постапување или употреба на стока07.02.201910,00 – 12,00
5.Царински постапки07.02.201912,30 – 14,30
6.Нетарифни мерки и мерки на трговска политика07.02.201914,45 – 16,45
7.Царинската тарифа12.02.201910,00 – 12,00
8.Потекло на стока12.02.201912,30 – 14,30
9.Вредност на стоката за царински потреби12.02.201914,45 – 16,45
10.Шпедитерско работење14.02.201910,00 – 12,00
11.Транспорт и транспортно осигурување14.02.201912,30 – 14,30
12.Изготвување и употреба на царинска декларација14.02.201914,45 – 16,45

Листата на застапници кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување.

За терминот и местото на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.