Акцизни добра кои се подлежни на плаќање на акцизa на акцизното подрачје на Република Северна Македонија се:

  • алкохол и алкохолни пијалaци
  • тутунски производи и
  • енергенти и електрична енергија

Овие производи се подлежни на акциза со нивното производство или со нивниот увоз на акцизното подрачје и со нивното внесување  на акцизното подрачје.

Царинската управа е единствен надлежен орган за администрирање на акцизите на целото акцизно подрачје, како и за спроведување контроли над имателите на акцизни дозволи и одобренија за повластен корисник, како и над учесниците во трговски операции кои вклучуваат промет со акцизни добра.

Законот за акцизи и подзаконските прописи се објавени на следниов линк

http://carina.mk/index.php/mk/za-nas-mk/carinska-regulativa/zakon-za-akcizite-mk

Настанување на акцизата

Акциза настанува во моментот на пуштање на акцизните добра во промет на акцизното подрачје и тоа:

  • секое напуштање на акцизното добро од постапката на акцизно одложување, вклучувајќи и незаконско напуштање;
  • секое чување на акцизно добро надвор од постапка на акцизно одложување и за кое нема увид или евиденција дека е платена акцизата или кога акцизното добро е набавено на незаконски начин;
  • секое производство на акцизно добро, вклучувајќи и незаконско производство, надвор од постапка на акцизно одложување и
  • секој увоз на акцизно добро, вклучувајќи и незаконски увоз, доколку акцизното добро веднаш по увозот не е ставено во постапка на акцизно одложување.

Акцизен обврзник

Акцизен обврзник е лицето кое има обврска да плати акциза во случаите на:

  • пуштање на акцизните добра од постапка на акцизно одложување:
  • чување на акцизни добра:
  • производство на акцизни добра:
  • увоз на акцизни добра:
  • користење на акцизните добра спротивно на целта за која е издадено одобрението за повластен корисник на акцизни добра
  • губење или кусок на акцизни добра акцизен обврзник во случаите кога не може да се докаже дека губењето или кусокот е непосредно поврзано со природата на акцизното добро или настанале како резултат на непредвидливи околности или виша сила;
  • зголемување на акцизата
  • зголемување на акцизата и/или зголемување на малопродажната цена на тутунските производи и
  • зголемување на акцизата на енергентите и електричната енергија

Доколку повеќе лица се одговорни за плаќање на акцизата, за плаќањето одговараат солидарно.

Акцизниот обврзник кој има намера да врши дејност поврзана со акцизни добра се регистрира во електронски Регистар на акцизни обврзници, кој се води од страна на Царинската управа.

Царинската управа ги води следните електронски регистри:

Регистар за акцизни дозволи состојба 07.07.2021

Регистар за одобренија за повластени корисници на акцизни добра-состојаба 07.07.2021

Регистар на мали производители на пиво, вино, етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци-состојба 07.07.2021

Регистар на земјоделци производители на жестоки алкохолни пијалаци-состојба 07.07.2021

Регистар на одобренија за акцизни обврзници на електрична енергија, природен гас, јаглен, кокс, лигнит и нафтен кокс-состојба 07.07.2021

Регистар на одобренија за корисници на акцизни марки-состојба 07.07.2021

Износи на акциза

Износ на акциза на алкохол и алкохолни пијалци

ОписИзнос на акцизаЕдиница мерка

Пиво

4 денари

1% волуменски удел на чист алкохол содржан во еден литар готов производ
Непенливо вино0 денари 
Пенливо вино0 денари 

Други пенливи ферментирани пијалаци

0 денари

 
Други непенливи ферментирани пијалаци

0 денари

 
Меѓупроизводи со содржина на алкохол <15%33 денарилитар
Меѓупроизводи со содржина на алкохол >15%55 денарилитар
Етил алкохол и жестоки пијалаци340 денарилитар измерен на температура од 20°C

Акциза кај мали независни пиварници

За пивото произведено кај мала независна пиварница кое се пушта во промет на акцизното подрачје малата независна пиварница има право на враќање на платената акциза во зависност од вкупното годишно производство и тоа:

 

Годишно производствоИзнос за враќање
До 50.000 литри50% од платената акциза
До 75.000 литри40% од платената акциза
До 100.000 литри30% од платената акциза
До 150.000 литри20% од платената акциза

Акциза кај мал независен производител на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци

Акцизата на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци кои ги произведува мал независен производител на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци (мала дестилерија) се плаќа во износ од 50% од пропишаната акциза од член 58 став (5) од Законот за акцизите. 

 

Акциза кај земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци

На произведената количина на литар жесток алкохолен пијалак под услов годишното производство да не ја надминува количината од 2500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%, во распон од +/- 5% алкохол, земјоделците плаќаат акциза во следните износи:

  • 0,00 (нула) денари во првата година;
  • 10,00 денари во втората година;
  • 20,00 денари во третата година и
  • 30,00 денари од четвртата година па натаму сметано од 01.01.2020 година

 

 

Износи на акциза на тутунски производи

           

Опис

 

Единица     мерка

 

Специфична акциза

Акциза по вредност (ad valorem) од малопродажна цена
Цигарипарче2.453 денари*9%
Пурипарче21,37 денари0%
Цигарилосипарче10,00 денари0%
Тутун за пушење (фино сецкан)килограм1800,00 денари0%
Друг тутун за пушење и тутун за наргилекилограм1800,00 денари0%
Тутун за шмркање и тутун за џвакањекилограм1800,00 денари0%
Несогорлив тутунски производкилограм2500,00 денари0%
Течност за електронска цигарамилилитар волумен2,20 денари 

Објавување на малопродажна цена на тутунски производи

 

Производителот или увозникот се должни малопродажната цена на тутунските производи да ја пријават кај надлежниот царински орган во рок од 15 дена пред првото пуштање во промет на тутунските производи или пред промената на малопродажната цена. Надлежниот царински  орган  води  посебен  електронски Регистар  за  објавените  малопродажни  цени.   Производителот или увозникот се должни малопродажната цена на тутунските производи да ја објават во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна еден ден пред првото пуштање во промет на тутунските производи или пред  промената  на  малопродажната  цена.  Пуштањето во промет на тутунски производи пред пријавувањето на новата малопродажна цена кај надлежниот царински орган и објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“,  како  и под  и над  пријавената  малопродажна  цена  не  е дозволено. 

Во случај на недозволено зголемување на малопродажната цена на цигарите над пријавената кај надлежниот царински орган настанува акциза во висина на разликата на акцизниот долг пред и после зголемувањето на малопродажната цена. Акцизен должник е трговецот и акцизата се плаќа веднаш.

 

Износ на акциза за енергенти и електрична енергија:

ОписИзнос на акцизаЕдиница мерка

Моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 грама на литар и авиобензин

24,396 денари

литар

Безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар21,692 денарилитар

Дизел гориво (гасно масло)

- како погонско гориво

- како гориво за греење

18,121 денари

6,301 денари

литар

литар

Течен нафтен гас и метан

4,9 денари

килограм

Керозин

- како погонско гориво

- како гориво за греење

11 денари

2,20 денари

литар

литар

Масло за ложење (мазут)0,100 денарикилограм
Нафтен кокс84,6 денаригигаџул
Природен гас0 денаринормален кубен метар
Јаглен, кокс и лигнит0 денаригигаџул
Електрична енергија0 денаримегават час
Биогорива0 денарикилограм
Масла за подмачкување7 денарикилограм
Препарати за подмачкување (синтетички)22 денарикилограм

Употребата на енергенти за греење се однесува за сите случаи кога енергентите согоруваат и се ослободува топлинска енергија без оглед на намената на потрошувачката на ослободената топлинска енергија.

 

Износи на акциза на одделни нафтени деривати кои се применуваат од 06.04.2021 година

 

Опис на стокаИзнос на акцизаВалутаЕдиница мерка

Моторен бензин

ЕУРОСУПЕР БС 95

22,000

денари

литар

Моторен бензин

ЕУРОСУПЕР БС 98

22,000

денари

литар

Дизел гориво

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е-V)

17,500

денари

литар

Масло за горење

Екстра Лесно (EL-1)

17,500

денари

литар

Мазут M-1 HC

0,100

денари

килограм