Директор

Бобан Николовски

ОБРАЗОВАНИЕ

Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола:

- Магистер по бизнис администрација

Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, ФТУ Охрид:

- Дипломиран менаџер по царина и шпедиција

Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово

- Природно математичка насока

 

РАБОТНО ИСКУСТВО

28.06.2024 – назначен в.д. Директор на Царинската управа на Република Северна Македонија

28.05.2024 – 27.06.2024:  пратеник на Собранието на Република Северна Македонија

10.02.2022 – 27.05.2024: директор на ЈП Куманово План

11.03.2008 – 09.02.2022: вработен во Царинска управа на Република Северна Македонија, на повеќе позиции во Царинарница Скопје и Куманово: цариник, виш цариник, виш цариник – водач на смена, водител на смена, самостоен советник за царински надзор, како и шеф на испостава на ЦИ Деве Баир и ЦИ Табановце

 

ОБУКИ

Во текот на своето работно искуство во Царинската управа, посетува бројни обуки во струката, вклучително и обуки за: етика и спречување на корупција; тарифа, вредност и потекло; мерки на трговска политика; идентификација на дрога и спречување на криумчарење; царинска тарифа и начин на земање и постапување со мостри; Конвенција за заедничка транзитна постапка и НКТС; заштита на права од интелектуална сопственост; борба против криумчарење и илегална миграција; гранично управување; имплементација на компетенции; е-обуки за родова еднаквост и многу други.

 

ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИЦИ И ДРУГИ КОМПЕТЕНЦИИ

Мајчин јазик: македонски

Останати јазици: англиски јазик (CEFR skill profile – British Council)

Компјутерски вештини: Microsoft office

Scroll to top

.