Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 3/06, 44/06, 66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 106/08, 161/08, 63/09, 114/09, 130/09, 149/09, 10/10, 16/10, 50/10, 52/10, 58/10, 124/10, 132/10, 158/10, 47/11, 11/12, 39/12, 52/12, 13/13, 25/13, 54/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 145/14, 20/15, 33/15, 72/15, 74/15, 129/15, 167/15, 27/16, 134/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 90/20, 267/20, 151/21 ,288/21 и 111/23) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19, 14/20, 95/20 и 302/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилници за измена и дополнување на правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0033 од 02.12.2022 и број 01-036570/21-0050 од 29.12.2023 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилници за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година, број 01-036570/21-0017 од 04.01.2022 година , број 01-036570/21-0025 од 25.08.2022 година , број 01-036570/21-0032 од 02.12.2022 година и број 01-036570/21-0045 од 29.12.2023 година, број 01-036570/21-0055 од 07.08.2024 година, број 01-036570/21-0060 од 12.09.2024 година и број 01-036570/21-0069 од 15.12.2024 година известувањето од Министерството за финансии број 19-12857/2 од 27.12.2024 година Царинската управа објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 05/2024
за вработување на 15 (петнаесет) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на јуни во тековната фискална година (2025)
Царинската управа објавува оглас за вработување на 15 (петнаесет) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2025):
- Работно место oд ниво Б1 Советник на директор во Царинска управа, 2 извршител,
- Работно место oд ниво Б2 Помошник управник во Царинарница Гевгелија во Царинска управa, 1 извршител,
- Работно место од ниво В1 Самостоен советник за организациски работи во Служба за коресподенција и организациски работи во Одделение кабинет на директор во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 Виш цариник во царинска испостава Куманово во царинарница Куманово во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво Б4 водител на смена во отсек за патнички промет во царинска испостава Деве Баир, во царинарница Куманово во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В3 Советник за коресподенција и организациски работи во Служба за коресподенција и организациски работи во Одделение кабинет на директор во Царинска управа, 1 извршител,
- Работни места од ниво В1 Самостоен советник за заштита на права од интелектуална сопственост, Служба за заштита на права од интелектуална сопственост, Одделение за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост, Сектор за акцизи во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В1 Самостоен советник за коресподенција, Служба за коресподенција и организациски работи, Одделение кабинет на директорот во Царинска управа, 1 извршител.
- Работно место од ниво В3 Советник за архивирање на документарниот материјал, Одделение за канцелариско и архивско работење, Сектор за правни работи во Царинска управа, 1 извршител.
- Работно место од ниво В2 Виш инспектор за финансиски истраги, Служба за финансиски истраги, Одделение за истраги, Сектор за контрола и истраги, 1 извршител,
- Работно место од ниво В3 - систем инженер-администратор за ИКТ контрола и безбедност, Служба за ИКТ контрола и безбедност, Одделение за ИКТ инфраструктура и безбедност, Сектор за информатички и комуникациски технологии, 1 извршител,
- 1 Работно место од ниво В2 Виш инспектор за борба против криумчарење, Служба за борба против криумчарење, Одделение за истраги, Сектор за контрола и истраги 1 извршител
- 1 Работно место од ниво В1 самостоен советник за плаќање, Служба за плаќање, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања во Царинска управа, 1 извршител.
Општи услови за сите работни места:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови за работно место 1: Советник на директор во Царинска управа:
- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо образование,
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку четири години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 2: Помошник управник во Царинарница Гевгелија
- ниво на квалификации: VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 3: Самостоен советник за организациски работи во Служба за коресподенција и организациски работи во Одделение кабинет на директор
- ниво на квалификации: VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки,
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 4: Виш цариник во царинска испостава Куманово во царинарница Куманово
- ниво на квалификации; VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент)
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- без работно искуство.
Посебни услови за работно место 5; водител на смена во отсек за патнички промет во царинска испостава Деве Баир, во царинарница Куманово
- ниво на квалификации; VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки.
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 6: Советник за коресподенција и организациски работи во Служба за коресподенција и организациски работи во Одделение кабинет на директор
- ниво на квалификации: VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки.
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 7: Самостоен советник за заштита на права од интелектуална сопственост, Служба за заштита на права од интелектуална сопственост, Одделение за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост, Сектор за акцизи
- ниво на квалификации: VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо образование
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 8: Самостоен советник за коресподенција, Служба за коресподенција и организациски работи, Одделение кабинет на директорот
- ниво на квалификации: VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 9: Советник за архивирање на документарниот материјал, Одделение за канцелариско и архивско работење, Сектор за правни работи
- ниво на квалификации: VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки, Образование, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска унија (англиски, француски, германски),
- најмалку една година работно искуство.
Посебни услови за работно место 10: Виш инспектор за финансиски истраги, Служба за финансиски истраги, Одделение за истраги, Сектор за контрола и истраги
- ниво на квалификации: VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Безбедност, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 11: Систем инженер-администратор за ИКТ контрола и безбедност, Служба за ИКТ контрола и безбедност, Одделение за ИКТ инфраструктура и безбедност, Сектор за информатички и комуникациски технологии
- ниво на квалификации: VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, Информатика, Машинство
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
- најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 12: Виш инспектор за борба против криумчарење, Служба за борба против криумчарење, Одделение за истраги, Сектор за контрола и истраги:
- ниво на квалификации: ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Безбедност, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место 13: Виш инспектор за финансиски истраги, Служба за финансиски истраги, Одделение за истраги, Сектор за контрола и истраги
- ниво на квалификации: VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Безбедност, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.
Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)
- Доказ за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
- Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование , изразени кредити стекнати според ЕКТС и просек;
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
- Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија/ Агенција за вработување)
Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,
Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот
Паричен износ на основна нето плата за работно место: Советник на директор 71.245,00 денари, Помошник управник 62.651,00 денари, самостоен советник 51.641,00 денари, виш цариник 49.664,00 денари, водител на смена 53.149,00 денари, советник 49.181,00 денари, Виш инспектор 51.641,00 денар, Систем инжинер – администратор 51.641,00 денари,
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 30.06.2025 година.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk на следната локација https://www.customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/za-nas/nasata-uloga/vrabotuvanja.nspx
Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадени во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.
Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 02.01.2025 година (петок).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 2/2024“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.
Директор Бобан Николовски
Бр. 04-072845/24-0003
Скопје, 30.12.2024 година