Задолжителна тарифна информација

Задолжителна тарифна информација (ЗТИ) претставува правен акт кој го издава Царинската управа за распоредување на стоки по Царинска тарифа, согласно член 19 од Царинскиот закон. ЗТИ се издава врз основа на поднесено писмено барање од страна на  заинтересираното лице на образец даден во Прилог 1 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон. Барањето треба да се однесува само на еден вид на стока и се смета за потполно и уредно пополнето доколку ги содржи сите податоци кои се потребни за издавање на ЗТИ. Во зависност од видот на стоката, доколку е тоа потребно, кон барањето се приложува производителска спецификација (оригинал и превод), техничка документација, проспекти, фотографии, мостри или други расположиви документи, кои содржат податоци неопходни  да се донесе одлуката за распоредување на стоката согласно Царинската тарифа.

Доколку Царинската управа утврди дека барањето не е потполно и не ги содржи сите потребни податоци за издавање на ЗТИ, може да побара од подносителот на барањето да ги достави потребните податоци кои недостасуваат.

Законски предвидениот рок за издавање на ЗТИ кој изнесува три месеци и започнува да тече од моментот кога Царинската управа ги има сите потребни податоци за издавање на ЗТИ.

Доколку ЗТИ неможе да се издаде во рокот од три месеци од денот на прифаќањето на уредно доставеното барање, Царинската управа ќе го извести подносителот за причините на доцнењето и ќе го наведе рокот во кој смета дека ќе го издаде истото.

ЗТИ има важност три години од денот на издавањето.

БАРАЊЕ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА (ЗТИ)

Барање за издавање на задолжителна тарифна информација според Царинската тарифа 
(Барањето за Задолжителна тарифна информација може да се поднесе покрај писмено и електронски преку апликацијата ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА БАРАЊА на почетната страна на www.customs.gov.mk) 

НАСОКИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ на Барање за издавње на задолжителна тарифна информација (ЗТИ)

Информација за административна такса

На следниот линк се наоѓа курсот за електронско учење на Задолжителна тарифна информација (60 минути) кој е наменет како за царинските службеници, така и за деловната заедницата која ги применува царинските прописи.

Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) Отворен регионален фонд – Надворешна трговија изготви 

Техничко упатство за ЗТИ и ЗИП во Република Северна Македонија.

Издадени ЗТИ

Издадените задолжителни тарифни информации кои што се во важност може да ги најдете со пребарување во TARIM-DM во делот ЗТИ на следниот ЛИНК 

Појаснување за начин на пребарување на ЗТИ 

Издадени ЗТИ во ЦЕФТА договорните страни 

Збирна електронска база на задолжителни тарифни информации издадени од страна на ЦЕФТА договорните страни, може да се превземе на следниот ЛИНК

Scroll to top

.