Увоз за облагородување

Увозот за облагородување овозможува увезените репроматеријали или полупроизводи да се облагородуваат(обработуваат, преработуваат, доработуваат или поправаат) за повторен извоз, без да се платат увозни давачки и ДДВ за стоката.

Согласно царинските прописи,можни се два системи на увоз за облагородување:

  • Систем на одложено плаќање и
  • Систем на враќање на увозни давачки

Увоз за облагородување е царинска постапка со економски ефект. Со употребата на оваа постапка се овозможува ставање на стока во постапка и нејзино подложување на некоја од операциите на облагородување и по извршеното облагородување добиениот производ повторно се извезува од царинското подрачје на Република Македонија

Операциите за облагородување може да бидат:

  • Обработка - производни активности при што се вршат механички, хемиски и други производни активности врз стоката, вклучувајќи и нејзина монтажа, демонтажа, составување или вградување во друга стока;
  • Преработка на стока;
  • Поправка на стока;
  • Употреба на помошни средства за производство - во постапката може да се увезат помошни средства за производство коишто го овозможуваат или олеснуваат производството на добиени производи, но не претставуваат составен дел на добиените производи.

Помошни средства за производство како горива или други извори на енергија, мазива, опрема и алат, не може да бидат дозволени во постапката.

Постојат два начина на спроведување на постапката на увоз за облагородување:

  • систем на одложено плаќење на увозните давачки - постапка во која странската стока која е ставена во постапка не подлежи на плаќање на увозни давачки или мерки на трговска политика и е наменета за повторен извоз од царинското подрачје во облик на добиени производи; и
  • систем на враќање на увозните давачки - постапка во која увозната стока е пуштена во слободен промет со платени увозни давачки, се применуваат мерките на трговска политика и за која може да се одобри враќање или простување на увозните давачки доколку добиените производи повторно се извезат од царинското подрачје.

Подносителот во барањето за одобрение за увоз за облагородување наведува која од овие постапки сака да ја употреби.

За спроведување на постапката потребно е да се поднесе инструмент за обезбедување на плаќањето на царински долг кој може да настане. Инструментот за обезбедување се поднесува од страна на имателот на одобрение или неговиот застапник во случај кога барањето за одобрение е поднесено преку поднесување на царинска декларација во писмена форма.

Висината на инструментот за обезбедување треба да го обезбедува евентуалниот царински долг во целост.

Барањето се пополнува согласно појаснувачките забелешки кон Прилогот 27 пропишани во УСЦЗ.

Упатство за увоз за облагородување

Мислење за исполнетост на условите за давање одобрение за увоз за облагородување

Прилози

Scroll to top

.