Прашања и одговори

Проблем со вчитување на податоци од дигитален сертификат при акција Потпишување на порака во пребарувач

Доколку ви се појави проблем при вчитување на податоците од сертификатот и порака од системот СОЦДАД во продолжение:

  • Потпишувањето на пораката не е успешно. Ве молиме проверете дали апликацијата за дигитален потпис е во функција.

Потребно е да го направите следново:

Во истиот пребарувач отварате нов таб(Open a new tab) и го копирате следниов линк: https://localhost:8443/certificate Со овој чекор го додавате сертификатот во Trusted Sites на самиот пребарувач.

Како да ресетирам заборавена лозинка?

Како да ресетирам заборавена лозинка?

Вашата заборавена лозинка може да ја ресетирате на линкот:

https://trader.customs.gov.mk/registration-ui/public/resetPassword.htm

Дали може да поднесам барање за одобрение за друго лице и на кој начин?

Дали може да поднесам барање за одобрение за друго лице и на кој начин?

Детални појаснувања се дадени во документот објавен на интернет страната на Царинската управа на следниот линк:

https://customs.gov.mk/images/documents/e-carina/CDEPS/pojasnuvanje_podnesuvanje_baranje_drugo_lice_26022019.pdf

Како се пополнува декларацијата за вредност (ДВ1) во увозната декларација?

Како се пополнува декларацијата за вредност (ДВ1) во увозната декларација?

Детални појаснувања се дадени во документот објавен на интернет страната на Царинската управа на следниот линк:

http://www.customs.gov.mk/images/documents/e-carina/CDEPS/Uvozna_deklracija_nacin_popolnuvanje_DV126022019.pdf

Како се додаваат наименуванија во декларацијата со користење на акцијата копирање?

Како се додаваат наименуванија во декларацијата со користење на акцијата копирање?

Детални појаснувања се дадени во документот објавен на интернет страната на Царинската управа на следниот линк:

http://www.customs.gov.mk/images/documents/e-carina/CDEPS/Kreiranje_novi_naimenuvanja_kopiranje_26022019.pdf

Како се пополнува рубрика 40 (претходен документ) за да се раздолжи количината?

Како се пополнува рубрика 40 (претходен документ) за да се раздолжи количината?

Детални појаснувања се дадени во документот објавен на интернет страната на Царинската управа на следниот линк:

http://www.customs.gov.mk/images/documents/e-carina/CDEPS/Rubrika40_predhoden_dokument16022019.pdf

Дали бројот на лиценца добиен во СОЦДАД треба да се внесе во барањето за одобрение за вршење на работи на застапување?

Дали бројот на лиценца добиен во СОЦДАД треба да се внесе во барањето за одобрение за вршење на работи на застапување?

Пред да поднесете барање за одобрение за вршење на работи на застапување, потребно е како прво да се поднесе барање за давање на лиценца. Истото се прави во модулот МЕОС. Прво се поврзувате во MEOS како физичко лице и поднесувате барање за лиценца за застапување, а откако ќе го добиете бројот на лиценца од системот, се врзувате како правно лице и поднесувате барање за одобрение за застапување. Добиениот број на лиценца за застапување во подсистемот МЕОС треба да се внесе во соодветната рубрика од барањето за одобрение за вршење на работи на застапување

Системот дава грешка кога се внесени следните вредности: Вкупен број на наименуванија – 1 Вкупен број на колети – 1 Број на парчиња - 1 Имаме одобрение за локално царинење при извоз на стока во рефус состојба.

Системот дава грешка кога се внесени следните вредности:
Вкупен број на наименуванија – 1
Вкупен број на колети – 1
Број на парчиња - 1
Имаме одобрение за локално царинење при извоз на стока во рефус состојба.

Согласно правилата за користење на вид на пакувања за видовите на пакувања со ознаки 'VQ', 'VG', 'VL', 'VY', 'VR', 'VS' или 'VO' во рубриката 31, полето број на колети и број на парчиња треба да се празни односно не се пополнуваат, а полето ознака и броја на пакување е опционално, односно може но не мора да се пополни.

Поднесувам декларација за извоз за облагородување, но при проверка на пораката СС515А, системот дава грешка според која доколку бараната постапка е 21 во приложени документи треба да има вид на документ AUN кој на 8 и 9 место има ознака ОР.

За постапка на извоз за облагородување потребно е да поседувате одобрение за извоз за облагородување. Барање за одобрение може да поднесете во подсистемот МЕОС и истото ќе биде одобрено од страна на Царинската управа со што ќе добиете број на одобрение (AUN). Во подсистемот МЕОС се поднесуваат сите барања за одобренија, вклучително и за постапки со економски ефект.

Како да се регистрирам во СОЦДАД?

Како да се регистрирам во СОЦДАД?

Информација за начинот на регистрација во СОЦДАД е достапна на следниот линк:
Систем за обработка на декларации и акцизни документи (СОЦДАД), и детелно е опишана во

Прирачник за корисници на Порталот за трговци на апликацијата UMS (Работна верзија)

Каков вид на дигитален сертификат е потребно да поседуваме за да го користиме СОЦДАД?

Каков вид на дигитален сертификат е потребно да поседуваме за да го користиме СОЦДАД?

Потребно е да поседуваме дигитален сертификат издаден од овластен издавач на дигитални сертификати, односно од KIBS или Телеком. Дополнително потребно е сертификатот да го содржи даночниот број на економскиот оператор.

Зошто ни е потребна Digital Signer Application (DigSig) апликацијата?

Зошто ни е потребна Digital Signer Application (DigSig) апликацијата?

Digital Signer Application (DigSig) се користи за авторизација и автентикација на корисниците во СОЦДАД и за потпишување на декларации кога се користи CDEPS Trader DP UI.

Кој е препорачан оперативен систем за оптимално користење на СОЦДАД?

Кој е препорачан оперативен систем за оптимално користење на СОЦДАД?

Препорачан оперативен систем е Windows 10. Работа во СОЦДАД е отежнато доколку се користат оперативни системи различни од Windows 10, особено Windows XP.

Кој се препорачани интернет пребарувачи за користење на СОЦДАД?

Кој се препорачани интернет пребарувачи за користење на СОЦДАД?

Препорачани интернет пребарувачи се Mozilla Firefox и Google Chrome (последни верзии).
Овде е потребно да се внимава бидејќи доколку на истата машина работиме и во EXIM, моменталната највисока верзија на Mozilla која го подржува тековното работење на EXIM e 52.0 ESR). Оваа верзија ги задоволува потребите за работа на СОЦДАД.

Која е препорачана верзија на JRE (Java Runtime Environment ) која е потребано да ја имаме инсталирано на работната машина?

Која е препорачана верзија на JRE (Java Runtime Environment ) која е потребано да ја имаме инсталирано на работната машина?

За најдобри резултати при работењето со СОЦДАД, потребно е да се инсталира верзија на JRE минимум 1.8.0.131.

Што треба да се внесе во полномошното ако застапуваното лице е физичко лице?

Што треба да се внесе во полномошното ако застапуваното лице е физичко лице?

Ако треба да се регистрира полномошно каде застапуваното лице е физичко лице, тогаш во ТИН број се запишува матичниот број на физичкото лице со префикс МК (на латиница).

Дали за во СОЦДАД треба дополнително одобрување на гаранцијата за одложено плаќање, и доколку треба која е постапката?

Дали за во СОЦДАД треба дополнително одобрување на гаранцијата за одложено плаќање, и доколку треба која е постапката?

Да, потребно е да се регистрира одобрението за одложено плаќање. Барањето може да го поднесете преку подсистемот МЕОС.

Дали дигиталниот сертификат мора да биде и на токен или може само да биде инсталиран на компјутер (без токен)?

Дали дигиталниот сертификат мора да биде и на токен или може само да биде инсталиран на компјутер (без токен)?

Дигиталниот сертификат не мора да биде на токен, може да биде и инсталационен. Потребно е само да биде валиден.

Како да проверам зошто ми е одбиена декларацијата?

Како да проверам зошто ми е одбиена декларацијата?

Кликнете на пораката ХХХ16 и ќке биде прикажана причината зошто е одбиена декларацијата.

Системот дава грешка во врска со „Дополнителна единица мерка“ рубрика 41.

Системот дава грешка во врска со „Дополнителна единица мерка“ рубрика 41.

Грешката која се појавува означува дека погрешно е пополнет податокот за дополнителна единица мерка (рубрика 41).

Грешката може да биде предизвикана од две причини:

  1. Рубриката 41 не е пополнета
  2. Рубриката 41 е пополнета, а не треба да биде.

Рубрика 41 се пополнува во случај кога единицата мерка за тарифната ознака е различна од килограм.

Дали има опција на прекинување или изменување на поднесена декларација во СОЦДАД, а пред нејзино прифаќање?

Дали има опција на прекинување или изменување на поднесена декларација во СОЦДАД, а пред нејзино прифаќање?

Во СОЦДАД нема опција за измена на декларација пред нејзино прифаќање.

Се регистриравме во СОЦДАД како правно и физичко лице. Ве молам да ми ја објасните понатамошната постапка околу поднесување барање за одобрение за поедноставена постапка за извоз и извоз за облагородување.

Во МЕОС се избира барање за поедноставени постапки за извоз, се пополнува и поднесува. Исто и за постапка за извоз за облагородување, во постапки за економски екфект за крајна употреба од паѓачко мени се избира извоз за облагородување и внесува последна состојба.

Подетални информации се објавени на Систем за обработка на декларации и акцизни документи (СОЦДАД) и во

Корисничко упатство за систем за управување со економски оператори - портал за трговци(Работна верзија), во кое е појаснета постапката на поднесување на барања за одобренија.

Scroll to top

.