Трговија меѓу Европска унија и учесниците во Процесот за стабилизација и асоцијација на Европската унија
Член 1
Производите наведени подолу, се исклучени од кумулацијата предвидена во член 3 од Додаток I, ако:
а) земјата на крајна дестинација е Европска унија, и:
(i) материјалите што се користат во производството на овие производи се со потекло од која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација; или
(ii) овие производи имаат стекнато потекло, врз основа на доволна обработка или преработка извршена во која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација; или
б) земјата на крајна дестинација е која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација, и:
(i) материјалите што се користат во производството на овие производи се со потекло од Европска унија: или
(ii) овие производи имаат стекнато потекло, врз основа на доволна обработка или преработка извршена во Европска унија.