Внесување/изнесување на девизи

Колку девизи може по човек да се внесе во Македонија?

Резиденти можат слободно да внесат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра и 120.000 денари по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра, тие се задолжени истите да ги пријават на царинскиот орган. Нерезидентите можат слободно да внесат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра и до 120.000 денари по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра, тие се должни истите да ги пријават на царинскиот орган, кој за тоа издава писмена потврда.

Дали треба да имам потврда од менувачница ако сакам да изнесам 2500 ЕУР?

Резиденти можат слободно да изнесат ефективни странски пари во износ до 2.000 евра и 120.000 денари по лице. Доколку изнесуваат ефективни странски пари над 2.000 евра тие се должни да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од овластена банка или менувачница. Изнесување на ефективни странски пари над 10.000 евра од страна на резиденти е забрането.

Оттука, како што е наведено во Вашето прашање, доколку имате 2.500 евра за изнес од Р.М., за истите на царинскиот орган ќе треба да му презентирате потврда од овластена банка или менувачница.

Scroll to top

.