Поштенски пратки

Ако нарачам производ кој чини 34,88 долари дали ке платам ДДВ и царина и колку се?

Сите поштенски пратки кои содржат стока, а кои се испратени од странство од страна на правни лица, како и сите пратки кои се предмет на купопродажба, подлежат на пресметка на царински давачки и ДДВ, независно дали служат за лична употреба на примачот. При тоа од плаќање на царински давачки се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 45 ЕУР, а од плаќање ДДВ се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 22 ЕУР, што значи дека за пратките со вредност до 45 ЕУР се плаќа само ДДВ.

Сакам да порачам 2 грамофони преку интернет со вкупна тежина од 30 килограми и цена вкупна од 800 евра со платена поштарина . Ме интересира одприлика колку би ме коштало оваа порачка.

Ве инфорираме дека согласно Законот за царинска тарифа за предметната стока е пропишана ц. стапка 10 % и ДДВ 18%. Пропишаната царинска стапка се пресметува на царинската вредност на стоката. Царинската вредност на стоката ја сочинува трансакциската вредност, односно стварно платената цена на стоката или цената која што треба да се плати, прилагодена за дополнителните трошоци кои се настанати до пристигнувањето на стката на царинското подрачје на Република Македонија. По правило во царинската вредност на стоката испратена по пошта влегуваат трошоците за поштарина. Даночната основица ја сочинува царинската вредност зголемана за износот на пресметаната царина.

Сакам да порачам витамински и протеински додатоци во исхраната од странство за лична употреба (витамини, протеин и сл). Дали тоа ке подлежи на царински давачки ако е до 25, 45 и над 45 евра?

Определувањето на царински давачки и ДДВ зависи од вредноста на пратката. Ако се до 22 ЕУР, не се плаќа ништо, од 22 до 45 ЕУР се плаќа само ДДВ, над 45 ЕУР, се плаќа и царина и ДДВ.

Сакам да купам ЕКГ АПАРАТ преку интернет и истиот ме чини некаде околу 540-600 евра до Скопје. Прашањето ми е дали и колку ке треба да платам царина за истата или истата е ослободена од плаќање на царина. ЕКГ апаратот ке се користи за работа во ординација.

За увоз на ЕКГ апарати, согласно Законот за царинска тарифа, царинската стапка е слободна (0%).

Данокот на додадена вредност е 18% од вкупната фактурна вредност плус додадени транспортни и други манипулативни трошоци.

За увоз на ЕКГ Апарат потребна е дозвола која ја издава Министерството за здравство.

Ме интересира дали можам да нарачам хранливи производи и суплементи во храната преку интернет за сопствени потреби?

Може, само треба да внимавате на количината, истата не треба да биде во количина која може да се смета дека има трговски карактер.

Сакам да нарачам книги од интернет и цената на сите заедно е 57УСД и поштарина од 22.47 УСД. Ме интересира дали ќе треба да се плати царина за пратката и колку би ме фатиле сите трошоци доколку се плаќа. Исто ме интересира минималната вредност на било која пратка за која треба да се плати царина.

Ве известуваме дека за увоз на книги печатени, согласно Законот за царинска тарифа, царинската стапка е сл (0) .

Данокот на додадена вредност е 5 % од вкупната фактурна вредност плус додадени транспортни и други манипулативни трошоци. Целосно ослободување од плаќање на увозни давачки и ДДВ се одобрува за пратки од некомерцијална природа испратени од едно физичко лице во странство на физичко лице во Република Македонија со вредност до 45 ЕУР, и за пратки од комерцијален карактер (пример купени во странство по пат на интернет) до 22 ЕУР, при што истите се ослободени од плаќање на царина доколку се со вредност до 45 ЕУР.

Scroll to top

.