Царинска лабораторија
Главна задача на царинската лабораторија е спроведување на анализи за идентификација на мостри земени од страна на царинските службеници и издавање на мислење за тарифна класификација за анализираните мостри, во согласност со Хармонизираниот систем и Комбинираната номенклатура.
Со развојот на Царинската лабораторија сé повеќе се менува и нејзината основна функција. Имено, од првичното вршење на анализи со цел правилно утврдување и наплата на царината и другите увозни давачки, сé поактуелна е заштита на животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните преку откривање на стоки чиј увоз е ограничен или забранет.
Лабораториски простор и опрема
Царинската лабораторија располага со две инструментални лаборатории и една припремна лабораторија.
Инструменти и помошна опрема
- Хроматографски инструменти:
- Гасен хроматограф со пламен јонизирачки детектор (GC/FID)
- Гасен хроматограф со масен детектор (GC/MS)
- Течен хроматограф (HPLC)
- Спектроскопски инструменти:
- Браново дисперзионен x-ray флуоресцентен спектрофотометар (WDXRF)
- Индуктивна плазма (ICP)
- Фуриер трнсформ инфрацрвена спектроскопија (FT-IR)
- Ултравиолетова спектроскопија (UV-VIS)
- Други инструменти:
- Soxlet- за екстракција
- Soxterm за хидролиза
- Kjeldahl- за одредување на азот и протеини
- инструмент за дестилација
- инструмент за густина
- микроскоп
- рефрактометар
- тензиометар итн.
Типови на анализи што се вршат во царинската лабораторија
- Масла за подмачкување(глава 27 vs. глава 34):
- дестилација,
- густина,
- FTIR метода
- Нафтени деривати - горива:
- Содржина на сулфур,
- FTIR метода,
- Одредување на Solvent Yellow 124 во гасни масла
- Млечни производи:
- Одредување на вкупни масти,
- Одредување на млечни масти,
- Идентификација на замени за млечните масти и масла,
- киселински број,
- слободни масни киселини,
- јоден број
- Други мостри:
- Содржина на шеќер во производи од шеќер,
- Содржина на шеќер во какао и какао производи,
- Идентификација пластични маси,
- Хлориди во форма на натриум хлорид кај производи од овошје и зеленчук,
- Јодати во сол за човечка исхрана,
- ПАМ-површински напон,
- Текстилни материјали – идентификација
Аналитички методи кои се употребуваат во царинската лабораторија
- Eнзимско определување на скроб и продукти на негова деградација, во прехранбени производи,
- Дестилација на нафтени производи на атмосферски притисок,
- Определување на:
- Еуромаркер (Solvent Yellow 124) во гасни масла и керозин,
- киселинската вредност и содржината на слободни масни киселини,
- сулфур во нафтени производи со помош на флуоресцентна спектрометрија со Х-зраци,
- содржина на протеини,
- теобромин во производи што содржат какао со високо ефикасна течна хроматографија,
- јоден број,
- колориметриска пепел во шеќер,
- хлориди во зеленчук,
- испарливи киселини,
- површински напон на течност,
- содржина на алкохол во пиво,
- содржина на хлориди во замрзнати и солени пилешки гради,
- содржина на шеќери во прехранбени производи,
- содржина на метали,
- содржина на млечни маснотии,
- содржина на фосфор во детергенти,
- концентрација на боја и маркер со ултравиолетов спектрофотометар,
- содржина на јодати во сол и
- Одредување на проценти на злато во легури на злато (накит) со метод на абразивна плоча со каратни игли.