Интелектуална сопственост

Еден од главните приоритети на Царинската управа на Република Македонија е унапредување на институционалниот и административен капацитет за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите и пиратеријата, преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки што го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и зголемена соработка со носителите на право и нивните застапници во Република Македонија од една страна со сите надлежни институции во земјата и странство од друга страна.

Фалсификатите и пиратските стоки се опасни по здравјето и безбедноста на луѓето, а во исто време тие доведуваат до намалување на буџетот и зголемување на сивата економија. Препознатливи се по ниската вредност, слабиот квалитет, лошиот изглед на пакувањето, технички грешки во текстот на етикетите и ознаките. За достигнувањата во борбата против фалсификувањето и пиратеријата, во конкуренција на 174 администрации членки на СЦО, Царинската управа на Република Македонија, во 2009 година ја доби престижната награда на Светската царинска организација Yolanda Benitez WCO Trophy 2009 Combating Counterfeiting and Piracy.

Бесплатно отстапување на стока (Донација)

Согласно одредбите од Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост е предвидена можност за текстилните производи и обувките што се распоредуваат во Главите 61, 62 и 64 од царинската номенклатура според Законот за царинската тарифа, да бидат предмет на бесплатно отстапување на начин и под услови утврдени со закон.

Листа на одлуки за донација

Година Одлука
2013 Одлука за донација
2014 Одлука за донација
Одлука за донација
2015 Одлука за донација
Одлука за донација
Одлука за донација
2016 Одлука за донација
2018

Одлука за донација

2019 Одлука за донација
Scroll to top

.