Извоз за облагородување
Со постапката на извоз за облагородување, се одобрува домашна стока привремено да се извезе од царинското подрачје за да се подложи на операции на облагородување, а производите добиени од таквите операции да бидат пуштени во слободен промет со целосно или делумно ослободување од плаќање на увозните давачки.
Извозот за облагородување е постапка со економски ефект која овозможува целосно или делумно ослободување од плаќање на увозни давачки и ДДВ за домашна стока којашто е повторно увезена како добиен производ откако претходно била привремено извезена од царинското подрачје на Република Македонија и подложена на некоја од операциите на облагородување.
Операциите за облагородување може да бидат:
- oбработка на стока вклучувајќи и нејзина монтажа, демонтажа, составување или вградување во друга стока;
- преработка на стока;
- поправка на стока, вклучувајќи и нејзино враќање во првобитна состојба и оспособување.
Извозот за облагородување како постапка не може да се одобри за домашна стока:
- чиј извоз дава право на враќање или простување на увозните давачки,
- која пред извозот била пуштена во слободен промет со целосно ослободување од увозни давачки заради нејзината крајна употреба.
Економските услови, предвидени во Прилогот 44 од УСЦЗ, се сметаат дека се исполнети односно се смета дека интересите на домашните производители не се загрозени. Надлежниот орган за давање на одобрение за извоз за облагородување, во случаи кога се сомнева, може да побара докажување на економските услови.
Нетарифните мерки на трговска политика се применуваат во постапките на извоз за облагородување.
Извоз за облагородување за поправка може да се однесува на поправка на стока која:
- привремено е извезена и повторно се увезува;
- во случаи на старданден систем на замена, кога се увезува заменувачки производ во замена за извезената стока,
- во случаи на стандарден систем на замена, со претходен увоз на заменувачкиот производ.
Поправката на стоката, независно дали се врши во рамките на стандардниот систем на замена или не, може да биде со плаќање или без плаќање на трошоците за поправка, а во врска со тоа и добиените производи во моментот на увоз да бидат ослободени во целост или делумно од плаќање на увозни давачки и ДДВ.
Бесплатна поправка се одобрува само доколку стоката се поправа бесплатно во гарантен рок или заради договорни обврски со производителот или заради отстранување на производна грешка на производителот откриена по пуштање на стоката во слободен промет.
Основни услови кои треба да се исполнат, за да се одобри постапката, се:
- извезената стока да може да се поправи и со поправката да не се подобрат техничките карактеристики на стоката.
- покрај бесплатната поправка предвидена е и можноста една стока да биде привремено извезена на поправка која се плаќа.
Основни услови кои треба да се исполнат, за да се одобри постапката, се:
- извезената стока да може да се поправи и
- со поправката да не се подобрат техничките карактеристики на стоката.
Во случаи кога стоката е привремено извезена на поправка и таквата поправка се плаќа имателот на одобрение може делумно да биде ослободен од плаќање на увозните давачки.
Стандардниот систем на замена претставува вид на извоз за облагородување кој овозможува употреба на увозен заменувачки производ наместо извезената стока на поправка.
Заменувачките производи мора да имаат иста тарифна ознака, трговски квалитет и исти технички карактеристики како и стоката извезена на поправка.
Стандардниот систем на замена се јавува во два облика:
- без претходен увоз на заменувачките производи
- со претходен увоз на заменувачките производи.
Кај стандардниот систем на замена без претходен увоз, кога истовремено се врши привремен извоз на стока на поправка и увоз на заменувачкиот производ, на царинскиот орган истовремено му се поднесува царинска декларација со која се извезува домашната стока и царинска декларација за пуштање на заменувачките производи во слободен промет. Се постапува на ист начин како кога е домашната стока претходно извезена, а дополнително се увезува заменувачкиот производ.
Доколку се употребува стандардниот систем на замена со претходен увоз подносителот потребно е да достави и инструмент за обезбедување на можните увозни давачки и ДДВ за стоката која се увезува
Барањето се пополнува согласно појаснувачките забелешки кон Прилогот 27 пропишани во УСЦЗ.
Уптатсво за извоз за облагородување
Прилози