Внесување/изнесување на миленичиња

Која е процедурата за влез на домашни миленичиња во сопственост на странски државјани со регулиран престој во РМ?

За секој домашен миленик кој се пренесува преку граничен премин на Република Македонија, сопственикот или одговорното лице, треба да поседува соодветна документација за идентификација, односно

Ветеринарно-здравствен сертификат издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака

Пасош издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака, кој е задолжителен за сите видови кучиња, мачиња и ласици, или

Изјава, издадена од сопственикот или одговорното лице, која е задолжителна за сите видови птици, под услов да доаѓаат од земја која е членка на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ).

Царинскиот орган дозволува увоз во Република Македонија на домашни миленици кои не се наменети за трговија, без разлика на бројот на единките, доколку Управата за ветеринарство по претходно извршена проверка и преглед на граничниот премин издаде согласност за увоз, односно ветеринарен влезен документ - ВВД.

Во следниот период би сакал да увезам папагал од расата сив афрички папагал,па ме интересира кои,какви документи ми требаат за да го увезам.

За сите видови птици кои се пренесуват преку граничен премин на Република Македонија, сопственикот или одговорното лице, треба да поседува соодветна документација за идентификација и тоа изјава, издадена од сопственикот или овластеното лице, која е задолжителна за сите видови птици, под услов да доаѓаат од земја членка на Меѓународната огранизација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) кои се под надлежност на Регионалната Комисија.

Scroll to top

.