Обезбедување на континуитет на деловните процеси во Царинската управа и зачувување на податоците преку консолидација на ИКТ системите и воспоставуање на заеднички Податочен центар во случај на криза и природни непогоди („Disaster Recovery Centre“)

Обезбедување на континуитет на деловните процеси во Царинската управа и зачувување на податоците преку консолидација на ИКТ системите и воспоставуање на заеднички Податочен центар во случај на криза и природни непогоди („Disaster Recovery Centre“), како дел од Програмата за управување со јавните финансии

Факти за проектот:

Цел: Проектот има за цел зајакнување на оперативните капацитети за наплата на деловните процеси преку модернизирање на царинските информациски и комуникациски систем (хардвер, софтвер и техничка поддршка за обезбедување квалитет и имплементација). Со проектот е обезбедена опрема неопходна за формирање на Податочен центар во случај на криза и природни непогоди, со цел да се обезбеди целосна резервна копија на податоците и деловните процеси на Царинската управа.

Времетраење: 2021 - 2022 Вредност: 1.6 милиони евра

Резултат: Воспоставен заеднички податочен центар во случај на криза и природни непогоди

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.