Политика за приватност

Царинската управа Ве уверува дека податоците внесени во нашите ИТ системи нема да бидат злоупотребени, објавени во каков било медиум или споделени со друго трето правно, односно физичко лице во согласност со Законот за заштита на личните податоци и позитивната законска регулатива. Царинската управа ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку ИТ системи во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во Република Северна Македонија.Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани.

Царинската управа презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Со пристапот или со користењето на ИТ системи на Царинска управа, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на ИТ системите. Доколку корисникот не се согласува со овие услови го молиме да не пристапува до ИТ системите на Царинска управа.

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на веб страна

Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личните податоци, Ве молиме да ни испратите електронска порака на следната мејл адреса: info@customs.gov.mk

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.