Секторот за административни и технички работи врши работите кои се однесуваат на обезбедување на објектите, вработените, возниот парк и другиот имот на Царинската управа; контрола на прием, движење и евидентирање на странки; преземање на мерки за безбедност и здравје при работа; одржување и користење на возниот парк; инвестиции и изградба на објекти; спроведување на постапки согласно Законот за користење и располагање со стварите на државните органи;изградба на нови објекти; санација, доградба, реконструкција на постојните објекти; стопанисување со граничните премини и грижа за одржување на објекти односно инфраструктурата на Царинската управа; спроведување на постапките за набавки согласно со Законот за јавни набавки предавање на одземената стока во Агенцијата за управување со одземен имот и слично.
Секторот работните задачи од својот делокруг ги извршува преку:
- Одделение за јавни набавки
- Одделение за безбедност и противпожарна заштита
- Одделение за инвестиции и одржување
- Одделение за управување со гранични премини
- Служба за управување со гранични премини
- Одделение за одземена и отстапена стока и магацини
- Служба за одземена и отстапена стока
- Служба за материјално работење и основни средства