Царинската управа своите надлежности ги спроведува на целата територија на Република Македонија, а седиштето е во Скопје.
Своето работење Царинската управа го регулира врз основа на повеќе законски прописи и регулативи.
Запазувајќи го принципот за транспарентно работење, Царинската управа редовно публикува годишни и квартални извештаи за своето работење.
Царинската управа на Република Македонија активно учествува во работата на сите меѓународни организации од областа на царинско работење: Светска царинска организација (СЦО), Светска трговска организација (СТО), работни тела на ОН, SELEC и други.