Патници
Согласно позитивната законска регулатива постојат одредени правила и ограничувања во патнички промет кои се однесуваат на патниците при премин на граничен премин.
Повеќе информации за тоа која стока не се пријавува и не подлежи на плаќање увозни давачки, ограничувања поврзани со внесување и изнесување на ефективни странски пари како и за тоа кои законски пропишани дозволи и одобренија ви се потребни за внесување/изнесување на живи животни, производи од животинско и растително потекло.
Мали пратки
Постапката на царинење на поштенските пратки се спроведува согласно одредбите на Царинскиот закон како и со прифатените меѓународните поштенски прописи.
Сите поштенски пратки кои се предмет на меѓународниот поштенски сообраќај подлежат на мерките на царински надзор и постапка како што е предвидено со царинските и поштенските прописи.
Увоз на ПМВ
Објава на инструкции за спроведување на царинската постапка за увоз на моторни возила
Со цел да се избегнат непотребни трошоци и проблеми при увозот на моторни возила, Царинската управа препорачува при увозно царинење на моторните возила од странство, како и возилата со странски регистарски таблички кои веќе се наоѓаат во Република Македонија,а ги управуваат лица со регулиран престој во странство, особено да се внимава на следното