- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2157
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за погрешно тарифирање на стока и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани златен накит, цигари, огномет, парафин за импрегнација на дрва, дискови за автомобил, женски бунди од природно крзно и друго.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1822
На граничниот премин Деве Баир царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 4 килограми марихуанa.
- Детали
- Категорија: Настани
- Посети: 2190
Со цел поголема транспарентност и подобро работење, Царинската управа своето работење континуирано го доближува до интересите на бизнис заедницата, како и на сите учесници во царинските постапки, а преку заеднички организирани состаноци и отворена дискусија се слушаат и нивните размислувања и предлози за поефикасна и поефективна соработка. Тоа ја зголемува нашата ефикасност и го подобрува квалитетот на носењето одлуки.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 2410
Согласно планот за развој на Царинската управа, информираме за започнување на инфраструктурни работи за надградба на царинскиот терминал на ГП Табановце. За непречено одвивање на работите, како и избегнување на подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираме дека на патниот граничен премин Табановце во наредниот период ќе се одвиваат градежни активности за проширување на постојниот царински терминал, изградба на други објекти и дополнителни сообраќајни ленти за движење на товарниот сообраќај. За оваа цел со посебна сообраќајна сигнализација ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1960
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани готови пари, режан тутун, делови за товарни возила и возови, делови за машини, домофони, лед светилки и регистарски таблички.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2238
На граничниот премин Блаце царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 32,5 килограми марихуанa.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2120
Царинската управа и Државниот инспекторат за земјоделство на Република Македонија денес (25 ноември 2016 година) потпишаа Меморандум за соработка.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1948
На 21 ноември 2016 година Царинската управа на Република Македонија во соработка со Даночната академија при Управата за јавни приходи организираше обука на тема „Основи на сметководство и видови на докази при поднесување на ДДВ пријава“.
- Детали
- Категорија: Настани
- Посети: 2092
Делегација на Царинска управа на Република Македонија, предводена од директорката, присуствува на 13-от состанок на Советот на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC), што се одржува денес (17 ноември 2016 година) во Букурешт, Романија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1965
Царинската управа на Република Македонија и Агенцијата за лекови и медицински средства на 15 ноември 2016 година потпишаа Меморандум за соработка како резултат на добрата долгогодишна соработка.