Вчера (07.01.2021 година во 20,50 часот), по остварен контакт со надлежните гранични служби, добиено е известување дека претходната забрана за сообраќај во периодот од 21.00 до 05.00 часот  која започна на 02.01.2021 година, се укинува и ГП Евзони од 07.01.2021 година од 20.00 часот ќе биде отворен за секаков вид на сообраќај, но и понатаму останува забраната за влез на МКД државјани освен за ТМВ.

Со цел информирање и потсетување на заинтересираните кандидати за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит,  повторно ја објавуваме содржината објавена на 24.11.2020 година.

Според добиеното известување од Националниот координативен центар за гранично управување, на граничниот премин Дојран забраната за проток на патници и возила ќе продолжи до 11.01.2021 година.

Согласно одредбите наведени во членот 2 став 2 алинеја 2 од Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила (Сл. весник 277 од 28.12.2019), од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година вредноста на коефициентите кCO2 кои се користат при пресметата на данокот за моторните возила ќе се применуваат во зголемен износ за 25% од постојните. Новите износи се прикажани во приложената Табела.

 

Гранични вредности на CO2

(грам CO2/km) според NEDC

Коефициент

(денари/грам CO2/km)

наддокCOБензин,ТНГ,КПГ

кCO2

Дизел

010,00,0
1506,2512,5
517512,525,0
769025,050,0
9110037,575,0
10111050,0100,0
11113062,5125,0
13114087,5162,5
141150125,0200,0
151170162,5237,5
171190200,0275,0
191225237,5312,5
226255275.0350.0
256-312,5400,0

 

                               

 

                                

 

Донесена е Одлука за утврдување на износот на трошоците за печатење и чување на акцизните марки за обележување на тутунските производи и алкохолните пијалаци, кои Царинската управа ги наплатува од акцизните обврзници кои се регистрирани корисници на акцизни марки.

 

Традиционалната новогодишна средба, годинава ја одржуваме во сосема поинакви услови, преку видео платформа. Дозвелете на почетокот да Ве поздравам и да се заблагодарам за присуството. Пред да кажам било што сакам да се заблагодарам на севкупниот труд и пожртвуваност на сите Вас во исполнувањето на работните обврски во ова исклучително тешко време глобална пандемија.

Обединетото Кралство ја напушти Европската Унија на 31.01.2020 година со преоден период од 11 месеци. Согласно заедничкиот договор, за т.н транзиционен период, законодавството на ЕУ се применуваше и за Обединетото Кралство и немаше никакво влијание на царинските и надворешно-трговските постапки.

Од 01.01.2021 година Обединетото кралство и официјално не е членка на ЕУ, што значи станува трета земја во ЕУ и повеќе не учествува во процесот на носење одлуки во ЕУ.

Имајќи во предвид дека Велика Британија е еден од најзначајните наши трговски партнери, со кој имаме воспоставено високо ниво на надворешна-трговска соработка во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Царинската управа изминатата година оствари низа билатерални средби со претставници на компаниите кои тргуваат со Обединетото Кралство, разговараше за важноста на Брегзит  и активно учествуваше во процесите на преговорите.

Република Северна Македонија во декември 2020 година потпиша  Спогодба за партнерство, трговиjа и соработка помеѓу  Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Северна Македониjа . Врз основа на одредбите од оваа спогодба надворешно-трговската размена и преференциjалните царински стапки меѓу Република Северна Македонија и ОК почнуваќи од 01.01.2021 година се применуваат врз основа на овaa новa спогодба.

Царинската управа изготви Царински прирачник со цел да се доближат до деловниот сектор сите измени кои стапуваат во сила од 01.01.2021. Целиот прирачник може да го видите тука:

 

ПОДГОТОВКА ЗА БРЕГЗИТ ПРИРАЧНИК

Во текот на денешниот ден, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа  онлајн презентација на резултатите од петтата годишна проценка на деловното опкружување во државата.

Царинската управа за членовите на Советодавното тело, коморските здруженија, компаниите, како и сите застапници на царинските постапки, денес одржа презентација и обука за начинот на тргување и постапките за увоз, извоз и транзит со Обединетото Кралство и  ЕУ после БРЕГЗИТ. Обуката ја отвори директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Физичките лица кои обележаното гасно масло наменето за греење го употребиле за греење во домаќинствата, како и правните лица кои го употребиле како гориво за греење во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, имаат право на враќање на дел од платената акциза во висина од 6 денари за литар.

Регистрација во Евиденцијата на корисници на обележано гасно масло наменето за греење

За остварување на правото на враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење, лицата треба да се евидентираат во Царинската управа во електронскиот систем СОЦДАД како корисници на обележано гасно масло и да добијат идентификациски број.

Насоките за поднесување на барањето за регистрирање во Евиденцијата на корисници на обележано гасно масло наменето за греење во СОЦДАД можете да ги најдете на веб страната на Царинската управа и тоа:

-          Насокa за поднесување барање за регистрирање во МЕОС на барател за поврат на акциза за екстра лесно за греење употребено во процес на производство на линкот:

https://customs.gov.mk/images/procesnaproizvodstvo.pdf

-          Насока за поднесување барање за регистрирање во МЕОС на барател за поврат на акциза за екстра лесно за греење во домаќинство на линкот:

https://customs.gov.mk/images/domakinstvo.pdf

Евидентирањето во Царинската управа се врши врз основа на поднесено електронско барање во кое барателот ги наведува:

  • Податоци за идентификација

-        назив или име и презиме,

-        седиште, адреса или адреса на живеење,

-        податоци за контакт,

-        ЕДБ или ЕМБГ

  • Податоци за локацијата на складирањето и користењето на обележаното гасно масло наменето за греење,
  • Капацитетот на резервоарите и
  • Техничките карактеристики на опремата за користење на обележаното гасно масло за греење во домаќинствата или во процесот на производството или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата.

Надлежниот царински орган согласно поднесеното барање врши теренска контрола и проверка на точноста на поднесените податоци за евидентирање на барателот со цел издавање на идентификацискиот број.

Барање за поврат на акциза

Враќањето на дел од платената акциза за обележаното гасно масло го врши надлежниот царински орган врз основа на поднесено барање за враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло.

Барањето за враќање се поднесува во СОЦДАД електронскиот систем на Царинската управа.

Насоката за поднесување на барањето за враќање во СОЦДАД можете да ја најдете на следниот линк:

https://customs.gov.mk/images/extralesnomaslo.pdf

Враќањето на дел од платената акциза се врши само за набавена или увезена количина на обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата, во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, во согласност со Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите во вонредна состојба (Сл.Весник 169/2020). 

Во случај кога обележаното гасно масло наменето за греење се користи во домаќинствата кон барањето, се приложува следната документација:

  • фактура или фискална сметка за набавено обележано гасно масло наменето за греење во домаќинство, во кои се содржани податоците за набавената количина изразена во литри и износот на платената акциза;
  • докази од кои може да се утврди датумот на испораката, продавачот и лицето кое извршило достава на обележаното масло за греење за домаќинство и
    • доказ дека лицето ги има намирено долговите по основ на даночни и царински обврски.

Во случај кога обележаното гасно масло наменето за греење е употребено како гориво за греење во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, Кон барањето, се приложува следната документација:

  • решение и тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • детален опис на дејноста за која се користи обележаното гасно масло наменето за греење,
  • местото и локацијата на производството каде што се користи обележаното гасно масло наменето за греење, како и складишните простори и/или простории, како и опремата која се користи за греење;
  • фактура за набавено обележано гасно масло наменето за греење или царинска декларација за увезено гасно масло наменето за греење во која се содржани податоците за набавената количина изразена во литри и износот на платената акциза;
  • докази од кои може да се утврди датумот на испораката, продавачот и лицето кое извршило достава на обележаното масло за греење;
  • доказ дека лицето ги има намирено долговите по основ на даночни и царински обврски
  • докази за оправданоста за враќање на дел од платената акциза од евиденцијата на лицето кое бара враќање, за количините на обележаното гасно масло наменето за греење или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, во периодот за кој се бара враќање на дел од платената акциза.

Враќањето на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата, во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење се врши со прифаќање и верификување на регистрираното електронското барање за враќање на платената акциза, за што подносителот на барањето добива електронска порака од Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи кој го води Царинската управа, по што се врши враќање на делот од платената акциза во висина од 6 ден/лит на сметката на подносителот на барањето.