Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК) од денеска и наредните четири дена, на подрачјето на Охрид и Струга се одржува 19-та НАТО вежба.

Во тек е голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и други простори за складиран режан тутун.

Почитувaни,

Во врска со Известувањето за организирање на вонредна дополнителна обука за оние лиценцирани застапници на кои им е одземена лиценцата по основ за непосетување на две последователни дополнителни обуки, објавено на ден 12. 8. 2021 година, ве известуваме дека овие обуки се одложуваат.

Сите пријавени лиценцирани застапници ќе бидат навремено известени за новите термини, како и за останатитеинформациие поврзани со овие обуки.

 

 

Денес директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров, заедно со Заменик директорот Муарем Асани остварија работна средба со Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции г. Фатмир Битиќи, кој им посака успешна работа и ги пренесе своите очекувања Царинската управа да остане и во иднина меѓу водечките институции во државата. На состанокот се дискутираа и повеќе актуелни теми поврзани со царинското работење.

Денеска во министерството за внатрешни работи ,министерот Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со директорката  Славица Кутиров и претставници од Царинската управа. 

Одделнието за истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, на ден 06.09.2021 година спроведе акција против нелегална продажба на режан тутун. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра, а поради постапување спротивно од Царинскиот закон и другите закони за чие спроведување е надлежна Царинската управа на РСМ, на две одделни локации на територија на Град Скопје привремено се одземени

Во просториите на Царинска управа, директорката  на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со тим од вработените, оствари средба со високи претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ). На средбата се разговараше за реализацијата на тековните, како и активностите за програмирање на идните проекти поддржани од ЕУ фондовите.

При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци.

Царинска управа информира дека јавниот Оглас 02/2021 година за вработување на 16 извршители на определено работно време, објавен во весниците Слободен печат и Коха на 06.08.2021 година, се става во мирување.  

За подетлани информации Линк до Одлука за ставање на оглас во мирување.

 

 

Директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров се сретна со аташето на ICITAP на Северна Македонија во Амбасадата на САД во Скопје, г. Карл Ришеим. Аташето изрази задоволство од посетата, посакувајќи и успех на директорката на новата позиција.