Денес Царинската управа зеде учество на настанот ‘’Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата „Отворен Балкан“ , на кој беа презентирани резултати од првото квантитативно и квалитативно истражување на оваа тема.

Во текот на вчерашниот ден на граничен премин Блаце, во патничко моторно возило пријавено за излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Царинска управа, спречија обид за криумчарење на 5 килограми златен накит.

Царинската управа во континуитет работи на модернизација на инфраструктурата на граничните премини. Во следниот период еден од приоритетите е реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир, која има за цел осоврменување и обезбедување на поголема функционалност и услови за забрзан проток на стоки и патници преку граничниот премин кој ги поврзува двете држави, Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Царинската управа на Република Северна Македонија е во процес на имплементација на нов начин на дигитално потпишување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит во Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки - ЕКСИМ. Со новиот начин на потпишување ќе се надмине проблемот со користење на старите видови пребарувачи и ќе биде овозможено потпишувањето да се врши со најчесто користените интернет пребарувачи, притоа користејќи ги нивните најнови верзии. Со цел навремено информирање на корисниците на услуги, Царинската управа организира презентација за новиот начин на потпишување на барањата за дозволи.

Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 9.2.2022 година (среда) со почеток во 14,00 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 8.2.2022 година (вторник) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува овде

 

ЛИНК за регистрација

https://teams.microsoft.com/registration/s3BPp3Mnt0qz0-HmOEJG7Q,7Zk80QeN80qP4CGoxOuNKg,pCodiSBJc0yMaFmZed5gbw,NMKOVGT9IkuAMADgdrgdXw,YrZjLI9NjEC4pMrdpTbNTg,nFEAnKb2k0SozuhAC-Bjsg?mode=read&tenantId=a74f70b3-2773-4ab7-b3d3-e1e6384246ed

Денеска полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога во соработка и координација со Царинските служби на Турција и Северна Македонија, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Јавното обвинителство на Турција, како и СЕЛЕК (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа) реализираа меѓународна акција во која на скопскиот аеродром се запленети над еден тон прекурзор за добивање на амфетамински тип стимуланси, класифициран во прва категорија на националната листа на прекурзори.

Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Табановце во автобус пријавен за излез од државата,царински инспектори од мобилните тимови при Царинска управа, во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР,спречија обид за криумчарење на околу 2 килограми опојна дрога хероин со вредност од околу 25.000 евра.

Денес, Царинската управа беше дел од онлајн состанокот на економските и трговските советници на земјите членки на ЕУ  во Република Северна Македонија организиран од страна на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Денес во просториите на Царинската управа се одржа првиот состанок за новиот Проект за имплементација на платформата SEED + (Systematic Electronic Exchange +) за систематска размена на податоци, финансиран од страна на Европската унија. Проектот има регионален карактер, а како договорен орган за негова имплеменатција е Секретаријатот на ЦЕФТА и Царината на Италија. Царинската управа како членка на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) е вклучена во неговата имплементација.

Вчера и денес, се одржа онлајн работилница за Едношалтерскиот систем и размена на податоци на кој учествуваат претставници на царинските служби, бизнис заедницата, агенции и институции вклучени во царинските постапки од земјите од Западен Балкан.  Работилницата е организирана од Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со UNECE (Економска комисија на Обединети Нации за Европа). Учесници на работилницата се и високи претставници од Европската комисија, Светска банка, ЦЕФТА и други партнери.

Секоја година, царинските служби ширум светот преку посебни организирани активности го прославуваат 26-ти јануари,  Меѓународниот ден на Царината. Годинава овој ден се одбележува под мотото „Зголемување на царинската дигитална трансформација преку прифаќање на култура на податоци и градење на екосистем на податоци“.

Поаѓајќи од сите напори кои во текот на оваа исклучително тешка година беа преземени од повеќе правни субјекти кои и излегоа во пресрет на Царината, Царинската управа одлучи оваа година пофалници од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија за посебни заслуги, да додели на претставници од надворешни институции и организации кои со своите активности се издвоија како заслужни во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19. Во оваа насока пофалници ќе бидат доделени на Др.  Ирина Сотирова Бухова – Државен санитарен и здравствен инспекторат, Оливера Миовска – АМЕРИТ, Билјана Муратовска – МАКАМТРАНС, Дамјан Сотировски – Беташпед, Влатко Серафимовски – Мултишпед, Марија Стојковска – Даути Комерц, М-р. Ана Малцева-Маринковиќ– Канцеларија на Претседал на Владата, Солза Ковачевска – Министерство за информатичко општество и администрација, Никола Николов - Министерство за информатичко општество и администрација, Надица Велевска - Министерство за информатичко општество и администрација.

Покрај на надворешни соработници, пофалници ќе бидат доделени и на 5 царински службеници - Златко Поповиќ, Сузане Алили, Ренезијана Кипријанова, Весна Станоева и Оливера Чаловска, кои дадоа особени напори за реализација на проекти изминативе години кои значат дигитална трансформација и размена на податоци и информации помеѓу службите во државата како и со другите царински служби.

По повод Меѓународниот ден на Царината – 26 јануари во целост Ви ги пренесуваме пораките од  г. Кунио Микурија, Генерален секретар на СЦО  и од г-ѓа Славица Кутиров, директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.

Линк од обраќање на д-р Кунио Микурија

Линк од обраќање на м-р Славица Кутиров 

Видео од добитници на сертфикати