- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 509
Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 13.12.2021 година и број 01-036570/21-0017 од 11.02.2022 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-2310/2 од 04.03.2022 година, Царинската управа објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2022
за вработување на 3 (три) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2022)
Царинската управа објавува оглас за вработување на 3 (три) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2022):
- Советник за односи со јавноста и графички дизајн во Служба за одмоси со јавност во Одделение Кабинет на директорот, 1 извршител,
- Систем инженер за корисничка поддршка во Служба за корисничка поддршка во Одделение за апликативна поддршка во Сектор за информатички и комуникациски технологии, 1 извршител,
- Советник за апликативна поддршка во Служба за корисничка поддршка во Одделение за апликативна поддршка во Сектор за информатички и комуникациски технологии, 1 извршител,
Општи услови за сите работни места:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови за работно место: Советник за односи со јавноста и графички дизајн
- ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Наука за јазикот (Лингвистика), Ликовна уметност,
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: Систем инженер за корисничка поддршка
- нивоа на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, Информатика, Машинство,
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: Советник за апликативна поддршка
- ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Машинство, Информатика, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
- најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.
Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)
- Доказ за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
- Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек);
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
- Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија);
- Лекарско уверение издадено од специјалист не постаро од една година.
Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,
Паричен износ на основна нето плата за работно место: Самостоен советник за односи со јавноста и графички дизајн – 32.391,00 денари, Систем инженер за корисничка поддршка – 37.538,00 денари и Советник за апликативна поддршка – 34.114,00 денари.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.
Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно заклучно со 11.03.2022 година (петок).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 2/2022“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 809
На 10 март 2022 година (четврток), од 9:30 до 13:30 часот, преку апликацијата Zoom, ќе се одржи работилница за подобро разбирање и примена на преференцијалните правила за потекло на стоките - согласно ПЕМ Конвенцијата, Брегзит и новите транзициони преференцијални правила за потекло во Република Северна Македонија.
Работилницата е прва од серијата на настани кои Проектот на USAID EDGE (Economic Development, Governance and Enterprise Growth) ги организира во членките на CEFTA како дел од поддршката на процесот на имплементација на ревидираните правила на потекло. Во Република Северна Македонија, работилницата се организира во соработка со Царинската управа.
Основна цел на работилницата е да го олесни процесот на примена на ревидираните правила за потекло преку зголемување на степенот на информираност на компаниите за конкретните промени кои се воведуваат со новите поедноставени правила за утврдување на преференцијалното потекло, поволностите кои тие ги носат за приватниот сектор, како и начинот на нивна практична примена.
Програмата на работилницата е составена од следните сегменти:
- Запознавање на компаниите со улогата, структурата и содржината на важечката ПЕМ Конвенција, како главен инструмент за регулирање на правилата и постапките за утврдување на потеклото на стоките со кои се тргува согласно договорите за слободна трговија склучени од страна на Република Северна Македонија со ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА, Турција, Украина и Обединетото Кралство;
- Информирање на компаниите за процесот на ревидирање на ПЕМ Конвенцијата и договорените промени направени во насока на поедноставување и олеснување на примената на правилата за утврдување на потеклото на стоките и начинот на нивна примена во Република Северна Македонија;
- Интерактивна дискусија со претставници на Царинската управа во текот на која учесниците ќе имаат можност да постават прашања и да добијат појаснување на различни аспекти од примената на ревидираните правила за потекло.
Ги молиме заинтересираните лица да се регистрираат за учество на работилницата најдоцна до 7 март 2022 година на следниот линк:
Финалната агендата ќе им биде доставена на регистрираните учесници два дена пред одржување на настанот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 299
Директорката на Царинската управа на Северна Македонија, Славица Кутиров и заменик -директорот Муарем Aсани, денеска оствари работна средба со Министерот за економија, Крешник Бектеши.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 274
Царинската управа на Република Северна Македонија од денес во Скопје е домаќин на тридневна работилница како дел од подготвителните активности на операцијата „Balkan Gate2”, организирана од Светската Царинска Организација, под покровителство на Јапонската фондација за царинска соработка (CCF Japan), на која учествуваат претставници на царинските и други истражни органи од девет земји од Европа и тоа од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Косово, Малта и Романија, како и високи претставници на Светска Царинска Организација, ЕУРОПОЛ и Јапонската фондација за царинска соработка.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 397
Денес, во просториите на Царинската управа, се одржа работна средба со Државниот инспекторат за земјоделство.
На состанокот беа разгледани тековни прашања, поврзани со взаемната соработка помеѓу двете институции и ефикасно и координирано делување во делот на царинските прописи и прописите со кои се регулира контролата на земјоделските производи.
Денешната работна средба беше искористена и за дискусија околу сработеното и остварените резултати досега на двете институции во активностите и проектите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 466
Во текот на вчерашниот ден од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, по добиена информација од ЦИ Табановце, извршена е контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички кое превезува стока од Република Србија за Република Северна Македонија, при што во возилото е пронајдена поголема количина на автоделови за кои возачот немал уредна документација.
Вредноста на пронајдените автоделови изнесува 10.317 ЕУР.
Истите се привремено одземени, а против возачот на возилото ќе биде поднесена кривична пријава заради постоење на основано ссомнение за сторено кривично дело „Криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 379
Денес и утре, во Белград, директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, учествува на вториот состанок на Управувачкиот комитет на проектот на UNODC (Канцеларија за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации) и Европска Унија за промовирање на владеењето на правото и добро управување преку насочени мерки за гранична контрола на аеродромите во регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 409
Досегашната в.д. директорка на Царинската управа, Славица Кутиров е ре-избрана за директор на оваа државна институција.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 639
Ве известуваме дека утре 16.02.2022, во 16:00, ќе биде поставена новата верзија на апликацијата за дигитални потпишување во ЕКСИМ.
Со новиот начин на потпишување ќе се надмине проблемот со користење на старите видови пребарувачи и ќе биде овозможено потпишувањето да се врши со најчесто користените интернет пребарувачи, притоа користејќи ги нивните најнови верзии.
Дополнително информираме дека тековниот начин на потпишување ќе може да се користи само во случаите кога се користат старите верзии пребарувачи (Internet explorer и Mozillaа Firefox 52 ESR )
Насоки за користење на новата апликација за дигитално потпишување можете да најдете на овој линк.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 248
Денес и утре Директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров учествува на Првиот подготвителен состанок за 30-ти Форум за економски и еколошки прашања на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка за Европа), што се одржува во Виена. Форумот промовира дијалог за економските и еколошките прашања поврзани со безбедноста на земјите, од каде произлегуваат препораки и активности за справување со овие предизвици. Темата на овогодишниот 30-ти Форум е „Промовирање на безбедност и стабилност на земјите учесници во ОБСЕ за економско закрепнување од Ковид -19 пандемијата“.