- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 362
Во рамки на проектот Подобрување на наплата на приходите и даночна и царинска политика во периодот од 6.12—10.12.2021 година се одржа работилница на тема Подготовка на акти за поштенски сообраќај.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 432
Царинската управа започна со реализација на Проектот за имплементација на нов систем за видео надзор и автоматско распознавање на регистарски таблички на возилата кои ја преминуваат границата (CCTV и ANPR), кој се реализира како компонета од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан финансиран со заем од Светската Банка.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 320
Во текот на денешниот ден преку видео конференциска врска се одржа Регионална работилница наменета за споделување искуства со земјите од регионот, во однос на реализацијата на првата фаза од новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window – NSW).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 417
Во врска со информациите изнесени во јавноста, поврзани со запленетата стока која пристигнала на Аеродромот Скопје, Царинската управа ја информира јавноста дека истрагата ја води и е под непосредна контрола и надзор на Јавното Обвинителството за организиран криминал и корупција. Овластените лица на Царинската управа ги преземаат сите мерки и активности по барање обвинителството. За подетални информации, обратете се до надлежното обвинителство.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 518
Претставници на Царинска управа, предводени од директорката г-ѓа Славица Кутиров и заменик директорот г. Муарем Хасани, остварија работен состанок со висока делегација од Стејт Департмент на Соединетите американски држави – Биро за борба против тероризам, како и претставници од Амбасадата на САД во Скопје.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 508
Денес, на граничниот премин Прешево, директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија, г-ѓа Славица Кутиров и Република Србија г. Бранко Радујко, потпишаа Протокол за взаемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 568
Во рамките на твининг проектот - “Improving Revenue Collection and Tax and Customs Policy”, а во соработка со Царинските управи на Република Австрија и Република Хрватска, во период од 29.11. до 3.12.2021 година, царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваат на обука на тема „Darknet Investigations“.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 453
Преку видео конференциска врска членовите на Советодавното тело при Царинската управа одржаа состанок кој го предводеше директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров. На денешниот состанок присутните разгледаа материјали поврзани со повеќе актуелни прашања од областа на царинското работење и барањата на деловната заедница и за истите разменија меѓусебни мислења.
ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРВ ДЕЛ (ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ) ОД СТУЧЕН ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1017
Царинската управа ве известува дека во период од 30.11.2021 до 15.12.2021 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, во архивата на Царинска управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.04.02, кој можете да го најдете на линкот најдолу во текстот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 314
Царинската управа Ве известува дека на ден 22.12.2021 година со почеток во 14:00 часот, во просторијата број 1 на Европскиот универзитет Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број 68 (на трети кат) е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот –студија на случајот.