Царинската управа на Република Северна Македонија од денес во Скопје е домаќин на тридневна работилница како дел од подготвителните активности на операцијата  „Balkan Gate2”, организирана од Светската Царинска Организација, под покровителство на Јапонската фондација за царинска соработка (CCF Japan), на која учествуваат претставници на царинските и други истражни органи од девет земји од Европа и тоа од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Косово, Малта и Романија, како и високи претставници на Светска Царинска Организација, ЕУРОПОЛ и Јапонската фондација за царинска соработка.

Денес, во просториите на Царинската управа, се одржа работна средба со Државниот инспекторат за земјоделство.

На состанокот беа разгледани тековни прашања, поврзани со взаемната соработка помеѓу двете институции и ефикасно и координирано делување во делот на  царинските прописи и прописите со кои се регулира контролата на земјоделските производи.

Денешната работна средба беше искористена и за дискусија околу сработеното и остварените резултати досега на двете институции во активностите  и проектите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4

Во текот на вчерашниот ден од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, по добиена информација од ЦИ Табановце, извршена е контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички кое превезува стока од Република Србија за Република Северна Македонија, при што во возилото е пронајдена поголема количина на автоделови за кои возачот немал уредна документација.

Вредноста на пронајдените автоделови изнесува 10.317 ЕУР.

Истите се привремено одземени, а против возачот на возилото ќе биде поднесена кривична пријава заради постоење на основано ссомнение за сторено кривично дело „Криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

 

Денес и утре, во Белград,  директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, учествува на вториот состанок на Управувачкиот комитет  на  проектот на UNODC (Канцеларија за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации) и Европска Унија за промовирање на владеењето на правото и  добро управување преку насочени мерки за гранична контрола на аеродромите во регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа.

Досегашната в.д. директорка на Царинската управа, Славица Кутиров е ре-избрана за директор на оваа државна институција. 

Ве известуваме дека утре 16.02.2022, во 16:00, ќе биде поставена новата верзија на апликацијата за дигитални потпишување во ЕКСИМ.

Со новиот начин на потпишување ќе се надмине проблемот со користење на старите видови пребарувачи и ќе биде овозможено потпишувањето да се врши со најчесто користените интернет пребарувачи, притоа користејќи ги нивните најнови верзии.

Дополнително информираме дека тековниот начин на потпишување ќе може да се користи  само во случаите кога се користат старите верзии пребарувачи (Internet explorer и Mozillaа Firefox 52 ESR )

Насоки за користење на новата апликација за дигитално потпишување можете да најдете на овој    линк.

Денес и утре Директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров учествува на Првиот подготвителен состанок за 30-ти Форум за економски и еколошки прашања на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка за Европа), што се одржува во Виена. Форумот промовира дијалог за економските и еколошките прашања поврзани со безбедноста на земјите, од каде произлегуваат препораки и активности за справување со овие предизвици. Темата на овогодишниот 30-ти Форум е „Промовирање на безбедност и стабилност на земјите учесници во ОБСЕ за економско закрепнување од Ковид -19 пандемијата“.

Денес Царинската управа зеде учество на настанот ‘’Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата „Отворен Балкан“ , на кој беа презентирани резултати од првото квантитативно и квалитативно истражување на оваа тема.

Во текот на вчерашниот ден на граничен премин Блаце, во патничко моторно возило пријавено за излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Царинска управа, спречија обид за криумчарење на 5 килограми златен накит.

Царинската управа во континуитет работи на модернизација на инфраструктурата на граничните премини. Во следниот период еден од приоритетите е реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир, која има за цел осоврменување и обезбедување на поголема функционалност и услови за забрзан проток на стоки и патници преку граничниот премин кој ги поврзува двете држави, Република Северна Македонија и Република Бугарија.