- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 534
Делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија, предводена од директорката г-ѓа Славица Кутиров денес оствари работна посета на Царинската управа на Република Хрватска и се состана со генералниот директор, г. Марио Демировиќ. За време на посетата потврден е заедничкиот интерес за размена на искуства од областа на примена на законодавството на Европската Унија (во делот на царинските прописи и акцизни давачки).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 500
Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес беше во работна посета на граничен премин Блаце - Царинарница Скопје.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 771
Во просториите на Царинската управа денес се одржа состанок со Државниот пазарен инспекторат. На состанокот беа разгледани практичните аспекти за размена на податоци и информации за ефикасни контроли, како и протоколот за соработка при вршење на заеднички контроли при увоз на масло за горење-мазут.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 452
Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК) од денеска и наредните четири дена, на подрачјето на Охрид и Струга се одржува НАТО вежба.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 503
Во тек е голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и други простори за складиран режан тутун.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 384
Денес директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров, заедно со Заменик директорот Муарем Асани остварија работна средба со Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции г. Фатмир Битиќи, кој им посака успешна работа и ги пренесе своите очекувања Царинската управа да остане и во иднина меѓу водечките институции во државата. На состанокот се дискутираа и повеќе актуелни теми поврзани со царинското работење.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 637
Денеска во министерството за внатрешни работи ,министерот Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со директорката Славица Кутиров и претставници од Царинската управа.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 550
Одделнието за истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, на ден 06.09.2021 година спроведе акција против нелегална продажба на режан тутун. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра, а поради постапување спротивно од Царинскиот закон и другите закони за чие спроведување е надлежна Царинската управа на РСМ, на две одделни локации на територија на Град Скопје привремено се одземени
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 602
Во просториите на Царинска управа, директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со тим од вработените, оствари средба со високи претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ). На средбата се разговараше за реализацијата на тековните, како и активностите за програмирање на идните проекти поддржани од ЕУ фондовите.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 542
При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци.