Ги информираме пријавените кандидати за полагање на стручен испит за лиценциран застапник дека полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник втор дел (студија на случај) ќе се одржи на 23.06.2017 година во 10.00 часот во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.

Во текот на минатата седмица, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, делови за камиони, делови за трактори и фалсификати.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец мај 2017 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 3 кривични пријави, против 4 физички лица и 1 правно лице.

Кандидатите кои успешно го положиле првиот дел од испитот за лиценциран застапник (теоретски дел) и кои ги исполнуваат условите за полагање на вториот дел од испитот(студија на случај), ги информираме дека на 23.06.2017 година (петок) ќе се одржи полагање на вториот дел од испитот за лиценциран застапник во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.“ Резервираниот термин е од 9.00 до 14.00 часот. За евентуални измени и попрецизни информации ќе ве информираме дополнително.

Ги информираме пријавените кандидати за полагање на стручен испит за лиценциран застапник дека полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски) ќе се одржи на 07.06.2017 година во 10.00 часот во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје.

На 2 јуни 2017 година, околу 03:50 часот на влез во Република Македонија на  граничниот премин Богородица, се пријавил автобус на редовна линија од Турција за Македонија, со турски регистарски ознаки.

Откако во 2016 година Царинската управа на Република Македонија оствари највисок приход во своето 25 годишно постоење како независен државен орган,  и во 2017 година го задржа трендот на успешна наплата на давачки во своја надлежност, а тоа се: давачки при увоз (царина, данок на додадена вредност, акцизи и надоместоци) и наплата на акциза не само при увоз, туку и во внатрешен промет.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија една измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, средства за подобрување на потенција, цигари, објектив за фотоапарат и таблети за дезинфекција на вода во базени.

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, техничка стока, цигари, тутун, делови за централно греење, производи за лична хигиена,кармини и фалсификати.

Царинската управа на Република Македонија организира претходна обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник во периодот од 19.5-1.6.2017 година. Обуките ќе се одржат во Скопје, во Централната управа (стар објект) на 19, 26 и 30 мај и 1 јуни 2017 година со почеток од 10,00 часот.