- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1730
Во текот на минатите две недели царинските службеници спречија обид за криумчарење на околу 2 килограми марихуана.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1763
Денес (17 септември 2018 година), во Струмица се одржа работилница со цел промовирање на концептот за Овластен економски оператор (ОЕО) и неговото значење за економските оператори.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1800
"A man’s station is only limited by his imagination" беше слоганот на конференцијата во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија, што се одржа на 13 септември 2018 година во Скопје, на која учествуваше Царинската управа со информативна работилница за Царински постапки и извоз во е-трговијата.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2024
Царинската управа на Република Македонија е домаќин на 4-ти Состанок на Работната група за имплементација на Рамковната спогодба за соработка во олеснување на царинењето помеѓу Царинските управи на Кина, Унгарија, Србија и Македонија, кој се одржува на 5-6 септември 2018 година во Скопје.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1970
Вчера (02.09.2018 година) на граничниот премин Табановце-Прешево од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ беше најавен почетокот на имплементацијата на Проектот за заедничко гранично управување One Stop Shop помеѓу Република Македонија и Република Србија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1824
Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека, боја за ќунци, пластични штипки, контролери и грејачи за соларни бојлери и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1985
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани цигари, додатоци на исхраната, инсектициди и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2007
Царинската управа на Република Македонија ги поканува економските оператори да присуствуваат на презентацијата за измените на Царинскиот закон, што ќе се одржи на 23.08.2018 г. (четврток) во амфитеатарот на први спрат во Царинската управа, со почеток во 10,30 часот.
Целта на презентацијата е економските оператори да се запознаат со измените на Царинскиот закон во делот на прекршочните одредби (Службен весник на РМ број 144 од 03.08.2018 г.). На презентацијата ќе бидат дадени и примери со цел да се развие дискусија за истите.
Со почит,
Царинска управа на Република Македонија
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2273
Со оглед на тоа дека транспарентноста и отчетноста претставува врвен приоритет за Царинската управа, ги демантираме во целост обвинувањата во текстот со наслов: “КОЛОНИ КАМИОНИ ЗАГЛАВЕНИ НА БОГОРОДИЦА, ОД ЦАРИНАТА НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО, ВЕЛАТ НА ПРЕМИНОТ Е НОРМАЛНО”, што е објавен на вашиот портал „Сакам да кажам“ на ден 16.08.2018 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2184
На 9-ти и 15-ти август 2018 година делегации на Царинската управа на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, предводени од директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и г-дин Никола Бертолини, шеф за операции, реализираа посети на граничните премини Табановце Автопат, Деве Баир, Ќафасан, како и на постојната инфраструктура на областа Маркова нога.
Посетите се реализираа во рамките на повеќегодишната соработка и постојаната поддршка на царинското работење во Република Македонија, од страна на Европската унија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, за негово приближување кон стандардите на Европската унија.
При посетата на ГП Табановце Автопат извршен е увид во користењето и функционланостите кои се овозможени преку реализираниот инфраструктурен проект за надградба на објектите на овој граничен премин. На 30-ти мај 2018 година, по официјалниот настан, на кој беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце, како и двете коловозни ленти на излезот од преминот, финансиран од Европската унија, оценето е дека придобивките од проектот, и покрај краткиот период од неговото завршување, веќе ги даваат првите резултати во олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведувањето на царинските постапки во модерни капацитети и услови.
При посетата на граничниот премин Ќафасан делегациите беа запознаени со напредокот во реализацијата на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекција на Граничниот премин за патен промет Ќафасан“ во рамките на Инструментот за предпристапна помош на Европската унија (ИПА) со средства алоцирани за Програмата 2013. При посетата е заклучено дека напредокот на проектот е задоволителен и дека истиот се очекува да биде реализиран до крајот на 2018 година. Се очекува дека со градбата на нов царински терминал за товарен сообраќај од 9,5 илјади м2, новата зграда за царински постапки, објекти за преглед на товарни возила и магацин, зграда со пропратни содржини да се создадат поповолни инфраструктурни услови на овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија. Со тоа се овозможува дополнително забрзување на царинските и прекуграничните формалности на сè поголемиот интензитет на размена на стока и патници преку истиот. При посетата на Охридско –преспанскиот регион посетена е областа Маркова нога, за запознавање со локаната инфраструктура.