Царинската управа во периодот од 05.02 до 14.02.2019 година одржа претходна обука за 36 слушатели - кандидати кои имаат намера да полагаат испит за застапник во царинските постапки.

Денес  (14.02.2019 година) во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот и претставници на раководството на Царинската управа и амбасадорот на Репубублика Франција, Н.Е. Кристиан Тимоние со неговите соработници. 

Поради големиот интерес за функционалностите на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) Царинската управа организира дополнителен работен состанок.

Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денес ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и прилагодени на македонски јазик.

На 6 февруари 2019 година, на иницијатива на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Македонија, реализирана е работна посета во Царинската управа на Република Косово.  

Директорот на Царинската управа денес ја посети царинската испостава Скопје 4 (1014) во рамки на пилот проектот за воведување на Е-царина. 

Ве известуваме дека денес (05.02.2019 година) ќе биде пуштена во продукција нова верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM. Новата верзија на EXIM е интегрирана со новиот Систем за обработка на декларации и акцизни документи (СОЦДАД) и системот Интегрираната тарифна околина (ИТО), а исто времено е надградена со нова функционалност за економските оператори.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, сребрен накит, уреди за автосервиси, опрема за заварување, автоделови, алати, цигари, кафе во зрно, техничка стока, облека, козметика, муниција за гасни пиштоли, додатоци на исхраната и фалсификати.

Како дел од низата активности на Царинската управа во насока на ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), на 04 февруари 2019 година ќе започне реализацијата на Пилот проектот за СОЦДАД, во кој ќе бидат вклучени 11 царински испостави.

Во период 28-29.01.2019 година, директорот на Царинската управа на Република Македонија учествуваше на третиот неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Подгорица, Црна Гора.