- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 897
Денеска заменикот на Претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на граничниот премин Табановце, одржа работна средба со директорот на Царинската управа Горан Сугарески и раководителката на проектната канцеларија на Обединети нации за дрога и криминал во Белград и Регионален советник за борба против корупција и поврат на имот за Западен Балкан, Вирџинија Абајо-Маркез.
На состанокот се разговараше за улогата на Царинската управа во спречувањето и откривањето на корупција и организиран криминал, и мерките од усвоениот План за борба против корупција.
Вицепремиерот Николовски посочи дека во борбата против корупцијата и организираниот криминал активно се вклучуваат сите антикорупциски надлежни институции, секој во рамките на својата надлежност. При тоа потенцираше дека од особена важност е меѓуинституционланата координација и размена на информации, на што изминатиот период беше ставен посебен фокус.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 712
Одделението за истраги при Царинската управа на 23.03.2021година до Основното јавно обвинителство во Куманово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Крива Паланка, поради основано сомневање дека сторило кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“ казниво по член 279-б од Кривичниот законик.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 488
При денешната остварена посета на Царинската управа, регионалните царински аташеа на Република Франција г-дин Кристоф Бержон и г-дин Жулиен Отре го потврдија интересот за билатерална соработка. Во разговор со раководителите на службите за меѓународна соработка и контрола и истраги, беа потенцирани областите во кои има неопходност за заеднички активности во иднина.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 671
Во просториите на Царинската управа се одржа презнтација на апликацијата за мобилни телефонски уреди која служи за распознавање на автентичноста на акцизните марки. Оваа мобилна апликација ќе ја користат ограничен и селектиран број на корисници-царински службеници кои ќе имаат доделени привилегии од страна на Царинската управа.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 726
Изготвениот прашалник кој се пополнува анонимно е наменет за испитување на задоволството на учесниците во царинската постапка и истиот треба да помогне да се подобри квалитетот на услугите кои ги пружа Царинската управа, преку унапредување и подобрување според увидената состојба.
Царинската управа искажува благодарност за вашата подготвеност да го поддржите испитувањето преку вашите дадени одговори и предлози.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 749
Почитувани кандидати,
Царинската управа ве известува дека на ден 24.03.2021 година (среда) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 12:00 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидати кои го положиле првиот дел (теоретски), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите.
Список на кандидати кои ќе го полагаат вториот дел од стручниот испит (студија на случај) се:
р.б | Презиме и име | Место на раѓање | Време на полагање | локација |
1. | АНДОНОВА НАТАЛИЈА | Скопје | 12:00 | Просторија 1 |
2. | АНЃЕЛКОСКИ ТОДОР | Охрид | 12:00 | Просторија 1 |
3. | ЈОРДАНОВСКИ ДАРКО | Скопје | 12:00 | Просторија 1 |
4. | МАКРЕСКИ РОБЕРТ | Прилеп | 12:00 | Просторија 1 |
5. | НАСТОВА ЦВЕТКОВИЌ ДАНИЕЛА | Неготино | 12:00 | Просторија 1 |
6. | ПАВЛОСКИ ХРИСТИЈАН | Скопје | 12:00 | Просторија 1 |
7. | ПЕТРЕСКА СТАНЧЕ | Охрид | 12:00 | Просторија 1 |
8. | СТАМЕСКИ ЗОРАН | Струга | 12:00 | Просторија 1 |
9. | СТОЈАНОВСКИ ГОЦЕ | Скопје | 12:00 | Просторија 1 |
10. |
СТОЈАНОСКА КИТАНОСКА ВИНЕТА | Прилеп | 12:00 | Просторија 1 |
11. | ТОШЕВСКА МАРИНЕЛА | Скопје | 12:00 | Просторија 1 |
12. | ЏАЈКОСКАБ КРИСИТНА | Охрид | 12:00 | Просторија 1 |
- Со ова известување ги повикуваме и оние кандидати кои порано го имаат положено првиот дел од испитот и не се наоѓаат на објавениов список, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, да во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени во списокот на кандидати за полагање на втор дел од испитот.
-Исто така ги повикуваме и оние кандидати кои се упатуваат на поправен испит (по втор пат) односно не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.
Уплатата се врши на следната сметка:
Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20
Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.
Пријавата заедно со уплатницата се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.02
Сите кандидати кои се наоѓаат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.
Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.
Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:
Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.
Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.
Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 800
Во врска со наводите изнесени на прес конференцијата одржана денес од страна на господин Трипуновски, Царинската управа ве известува дека континуирано во изминатиот период од повеќе месеци презема засилени активности преку криминалистички истраги во соработка со надлежното Јавно обвинителство, во насока на откривање и прогон на лица вклучени во нелегални дејствија во врска со промет на тутун.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1177
Директорот на Царинска управа г.Сугарески, денес оствари работна посета на граничниот премин Блаце, каде имаше можност да се сретне со управникот на Царинарница Скопје, шефот и царинските службеници на царинската испостава Блаце.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 987
Жените претставуваат околу половина од популацијата во светот. Врз основа на овој податок, би требало да се очекува дека половина од придобивките на развојниот процес одат кај жените, а другата половина кај мажите. Но, реалноста е поинаква. Менаџерите, како и општата популација, сеуште силно веруваат дека менаџерскиот успех е поврзан со машки карактеристики. На колективно ниво, моќта е способност за комбинирање на различни извори на индивидуална моќ заради постигнување на промена, односно поголеми придобивки за колективот отколку за индивидуата. А индивидуата е подеднакво моќна и способна, без разлика дали е од машки или женски род.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 488
Царинската Управа е во постојана соработка и координација со Министреството за транспорт и врски, особено за реализација на сите градежни работи (градба, реконструкција)кои се изведуваат на граничните премини - за кои ЦУ има законски ингеренции. Од особена важност при унапредувањето на граничните премини се пристапните патишта кои се услов за непречен проток на стока и патници, а се во надлежност на Министерство за транспорт и врски.