- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1746
Согласно официјална најава од ЕВН Македонија, Ве известувам дека на 19.10.2018 година (петок) на царинска испостава Дојран и царинска испостава Гевгелија, во период од 07:00 до 17:00 часот, како и на 21.10.2018 година (недела) на царинска испостава Дојран во период од 07:00 до 17.00 часот, ќе има прекин на електрична енергија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1612
На 16 и 17 октомври 2018 година во Велес, шест царински администрации од Западен Балкан одржaa неформален регионален состанок, организиран на ниво на директори од секторите задолжени за спроведување на законот и царински контроли и истраги.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2069
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) користи податоци од НКТС со кои управува Европската комисија во согласност со Уредбата (ЕУ) бр. 952/2013 за царинскиот закон на Унијата и Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и тие податоци ги собира во база на податоците за увоз, извоз и транзит (IET-Import/Export/Transit). Тие податоци вклучуваат податоци за испраќачот и примачот на стоката и вообичаено се однесуваат на стопанските субјекти, но можат да се однесуваат и на физички лица. Повеќе информации за постапување со личните податоци прибрани од страна на ОЛАФ се наоѓаат во Изјавата за приватност на следниот линкови:
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1627
На 16 октомври 2018 година во Скопје, Царинската управа на Република Македонија и Македонско турска стопанска комора (МАТТО) одржаа работилница на која беа презентирани актуелни теми и новитети од областа на царинското работење.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2045
На Интернационалниот Аеродром Скопје, царинските службеници спречија уште еден обид за шверц на наркотични дроги. Откриено е и спречено е криумчарење на 3 килограми марихуана.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1741
Во седиштето на Светската здравствена организација (СЗО) WHO-World Health Organization во Женева, се одржа првиот состанок на Страните (MOP1) на Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи. На состанокот учествуваа делегации од 44 земји-членки на Протоколот, 46 држави кои не се членки на Протоколот, како и претставници од граѓански и меѓувладини организации од повеќе региони во светот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1813
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски на 10.10.2018 година во Царинска управа на Република Македонија одржа средба – отворен ден со учесниците во царинската постапка (увозници, извозници, застапници, шпедитери, производители и транспортери).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1820
Царинската управа на Република Македонија со Американската стопанска комора, на 9.10.2018 година организираше настан за промовирање на концептот на Овластен економски оператор, инициран и поддржан од Американската стопанска комора.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1890
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, крзнени бунди, облека, лекови, опрема за риболов, козметички производи и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1978
Царинската управа ги известува сите учесници во царинската постапка (увозници, извозници, застапници, шпедитери, производители и транспортери) дека на 10.10.2018 година (среда) со почеток во 10 часот во просториите на Царинската управа (стара зграда, амфитеатар), Лазар Личеноски 13, ќе биде организирана средба – отворен ден со Директорот на Царинската управа на Република Македонија, м-р Ѓоко Танасоски.