Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за погрешно тарифирање на стока и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани златен накит, цигари, огномет, парафин за импрегнација на дрва, дискови за автомобил, женски бунди од природно крзно и друго.

На граничниот премин Деве Баир царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 4 килограми марихуанa.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани готови пари, режан тутун,  делови за товарни возила и возови, делови за машини, домофони, лед светилки и регистарски таблички.

На граничниот премин Блаце царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 32,5 килограми марихуанa.

Царинската управа и Државниот инспекторат за земјоделство на Република Македонија денес (25 ноември 2016 година) потпишаа Меморандум за соработка.

На 21 ноември 2016 година Царинската управа на Република Македонија во соработка со Даночната академија при Управата за јавни приходи организираше обука на тема „Основи на сметководство и видови на докази при поднесување на ДДВ пријава“.

Царинската управа на Република Македонија и Агенцијата за лекови и медицински средства на 15 ноември 2016 година потпишаа Меморандум за соработка како резултат на добрата долгогодишна соработка.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, фалсификати, техничка стока, компјутерски делови, мобилни телефони, делови за лифтови, автоделови, сообраќајна дозвола, облека, торби, постелнина, завеси, делови за покер апарати, боров мед и друго.

На 10 ноември 2016 година, царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со полициски службеници на граничниот премин Табановце, во автомобил со германски регистарски ознаки запленија околу 12,5 килограми марихуана.

На 31 октомври 2016 година, околу 22:30 часот, на граничниот премин Блаце за влез во Република Македонија се пријавило лицето Б.Г. (26) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое како сопатници патувале уште три лица сите од Албанија.