Глобална зелена царинска конференција, 27.-28.6.2022 година

Инфо и регистрација за настанот може да добиете на следниот линк:

Дигитализацијата клучна за максимално забрзување на царинските процедури.

Олеснувањето на трговијата преку дигитализацијата на царинските постапки и понатамошното забрзување на протокот на граничниот премин Табановце/Прешево преку One Stop Shop беше една од темите на состанокот на Царинската управа на Република Северна Македонија и Царинската управа на Република Србија.

„Овој тип на средби е добар начин да се координираат активностите и да се дадат предлози за подобрување на состојбите на граничните премини. Наш приоритет е максимално забрзување на протокот на стоки, а во исто време да се зголемат напорите за побрза дигитализација што ќе значи уште побрз трансфер. Како земја вложуваме многу во дигитализацијата на царината и тоа веќе дава резултати во нашата поголема функционалност“, изјави директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров на средбата.

Според Кутиров заедничката соработка значително ќе придонесе за понатамошно усогласување на царинските постапки и подобрување на прекуграничната размена на стоки.

Претставници на Царинската управа на Република Северна Македонија на оваа средба, каде присуствуваа и претставници на Министерствата за финансии на двете земји, ги презентираа информатичките системи што се користат во царинското работење - Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи, Интегрираната тарифна околима - ТАРИМ и нивниот развој во насока на воспоставување на интерконективност и интероперабилност со системите на Европска Унија. Стана збор и за регионалната интеграција и електронска размена на прекуграничните документи.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
8
8
9
9
10
10
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

 

Денес во Царинската управа се одржа состанок со високи претставници од тимот на Светска Банка, во врска со имплементацијата на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.

Проектот финансиран со заем од Светска банка опфаќа три компоненти и тоа: воведување на нов Национален едношалтерски систем, модернизација и реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир и воспоставување на нов Систем за видеонадзор.

Царинската управа како водечка институција за имплементација на Национален едношалтерски систем, заедно со агенциите и инспекциските служби учесници во царинските постапки, ќе добијат хармонизирани процеси за обработка на дозволите од прекуграничниот проток на стоки. Со тоа  ќе се овозможи понатамошно забрзување на прекуграничната трговија согласно стандардите и практиките на земјите од Европска унија.

Надградбата на граничниот премин Ќафасан ќе овозможи побрзо завршување на царинските формалности, кое ги вклучува и постапувањето на релевантните инспекциски служби на граница. На граничниот премин Деве Баир, покрај управната зграда ќе се реконструира и пристапниот пат до терминалот за тешки возила со цел непречено користење во зимски услови.  Планирана е и изградба на нова пречистителна станица и поставување на нова колска вага.

Преку новиот Систем за видео надзор, со примена на опрема базирана на најсовремени технологии, ќе се овозможи интеграција со царинските информатички системи. Овој систем ќе биде значајна алатка при спроведување на надлежностите за сузбивање на недозволената трговија, шверц и корупција на царинските испостави, пред се на граничните премини.

218052022
318052022
418052022
Previous Next Play Pause
1 2 3
Денес директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров и замeник директорот г. Муарем Асани остварија работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација, г. Адмирим Алити. 

Денес се одржа работилница на тема „Подобрување на економската и царинска соработка во време на криза“, во организација на Kанцеларијата за економски и трговски прашања на Амбасадата на Грција во Скопје, во соработка со Царинската управа. На работилницата беа поканети и претставници од бизнис секторот од Република Северна Македонија и Република Грција, како и земјите од регионот.

Царинската управа на Република Северна Македонија во соработката со канцеларијата за економски и трговски прашања на Амбасадата на Грција Ве поканува на работилница Подобрување на економската и царинска соработка во време на криза.

Работилницата ќе се одржи он лајн во четврток 12.05.2022 година со почетоко во 10.30 часот. Во прилог Агенда за работилницата. На работилницата ќе имаат обраќање заменик претседателот на Владата, г-дин Фатмир Битиќи, како и директорите на Царинските управи на Северна Македонија и Грција.

Агенда: линк до агенда

Линк за поврзување е следниов

Join Zoom Meeting:


https://zoom.us/j/98676246369?pwd=QmtXbXJWdHFidjBQU2pjZ29FdXE1Zz09

Meeting ID: 986 7624 6369
Passcode: 050227

Царинската управа на Република Северна Македонија објавува оглас за јавна набавка  „Набавка и поставување на светлосна сигнализација и друга опрема на граничните премини Богородица и Стар Дојран“ со референтен број: CN1-SO2.2-SC033/T2, финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.

Огласот за јавната набавка и тендерските документи може да ги преземете на следниот линк:

Tендерските документи

     

    

    

Почитувни кандидати,

Царинската управа Ве известува дека на ден 17.05.2022 година со почеток во  10:00 часот, во просторијата број 1 на Европскиот универзитет Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број 68 (на трети кат) е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот –студија на случајот.

1.Право да го пријават и полагаат поправниот испит го имаат оние кандидати кои не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот и се упатуваат на поправен испит само за вториот дел.

Заинтересираните кандидати испитот го пријавуваат на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-ОБ.05.02 - Пријава за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник.  Кликни тука

Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управ ул.„Лазар Личеноски“ 13,  1000 Скопје,

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на втор дел од испитот – студија на случај за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.02, започнувајќи од 29.04.2022 се до 10.05.2022 година.

Сите кандидати кои ќе се пријават потребно е на денот на полагањето да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

ПРИЈАВА ЗА ПОВТОРНО ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК

Вчера во употреба беа пуштени нови работни простории на Царинската испостава Велес, кои се во склоп на царинскиот терминал Брако во Велес.

На 20 април 2022 година, во просториите на Царинската управа се доделија благодарници на  царински службеници  кои одбележуваат 10, 20 и 30 години од своето работење во службата.