- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1002
Ги известуваме граѓаните дека граничниот премин Евзони од денес 07.08 петок од 23.00 часот па се до 15.08. сабота до 07.00 часот по грчко време, согласно добиените насоки од грчките погранични органи, ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај на влез во Р.Грција. Додека на излез од Р.Грција сообраќајот ќе се одвива нормално.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1298
Со цел понатамошно олеснување на работата на економските оператори што превезуваат брзи пратки и во согласност со процесот на воведување на Е-царина, Царинската управа на Република Северна Македонија од 05.08.2020 година воведува задолжително поднесување на документ-најавен манифест „пред пристигнување“ за сите пратки од страна на брзите пошти.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1362
Царинската управа ве известува дека повторно е определен термин за поднесување и доставување на вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, од причина што териминот за полагање кој беше закажан за 20.03.2020 година беше одложен поради пандемијата на КОВИД 19. Сите заинтересирани кандидати кои не ги доставиле своите документи во претходниот термин од 11-17.03.2020 година, а ќе го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат можност тоа да го направат во дополнителниот период кој започнува од утре 05.08.2020 па се до 27.08.2020 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 997
EDGE е регионален проект од 3 до 5 години во Европа и Евроазија (Е & Е) кој има за цел да создаде инклузивен, одржлив економски развој и да поддржува интра-регионална и евроатлантска интеграција.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1784
Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 27.8.2020 година.
Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 15, 17, 22 и 24 септември 2020 година. Царинската управа врз основа на пријавениот број на кандидати обуката ќе ја одржи во согласност со Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари од Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19 (Сл.весник бр.123/20), или со далечинско учење.
За начинот на одржување на претходаната обука како и за часот на започнување на предавањата кандидатите ќе бидат навремено известени.
Царинската управа го задржува правото за измена на терминот за одржување и распоредот на претходната обука, а за сите измени кандидатите ќе бидат навремено известени.
Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.
Уплатата може да се изврши на следната сметка:
Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20
Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)
Сите кандидати кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:
1.ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и
2.Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.
Пријавата може да ја најдете тука.
Рок за доставување на пријавите: до 27.08.2020 година
Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред:
Распоред за претходна обука
Р. Бр. | Тема на обуката | Датум |
1. | Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи | 15. 9.2020 |
2. |
Спроведување на транзитна постапка | 15. 9.2020 |
3. | Царински дозволено постапување или употреба на стока | 15. 9.2020 |
4. | Царински постапки | 17. 9.2020 |
5. | Изготвување и употреба на царинска декларација | 17. 9.2020 |
6. | Вредност на стоката за царински потреби и пресметка на царински и други давачки | 17. 9.2020 |
7. | Царинската тарифа | 22. 9.2020 |
8. | Потекло на стоките | 22. 9.2020 |
9. | Даноци, акцизи и даночна политика | 22. 9.2020 |
10. |
Нетарифни мерки и мерки на трговска политика | 24. 9.2020 |
11. | Обука од областа на транспорт и транспортно осигурување | 24. 9.2020 |
12. | Шпедитерско работење | 24. 9.2020 |
Листата на кандидати кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување.
За терминот и местото на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.
Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1011
28 јули 2020 година: Европската Комисија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој денес започнаа со виртуелен почетен состанок за нов проект „Поддршка на регионалната економска интеграција“ за Западен Балкан и Република Молдавија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 761
Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, техничка стока, додатоци во исхраната, инсектициди, облека и ташни, лекови за животни и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 625
Согласно одредбите од Уредбата со законска сила примена на законот за акцизите, износот на акцизата се менува во зависност од движењето на берзанските цени на нафтените деривати.
Со оглед дека просечната цена на бензините Prem Unl 10ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan во изминатите 15 дена е поголема од 590USD/ton, износот на акцизата за безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС–95 и ЕУРОСУПЕР БС–98, се намали за 1 денар.
Согласно наведеното, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 20.07.2020 година, донесе ОДЛУКА број 02-1595/1 за утврдување на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, при што акцизите што ги плаќаат обврзниците согласно прописите за акцизи од 21.07.2020 година 00:01 часот, и во наредните 14 дена ќе изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 95 - 23,692 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 23,692 (денари/литар)
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1061
Преку видео конференциска врска денес се одржа информативна сесија на следните теми:
1. Поим за непреференцијално и префренцијално потекло
2. Целосна кумулација на потекло на стоки во рамки на ЦЕФТА (новина)
3. Поедноставено докажување на потекло и изјава за потекло на стоки во безхартиена царинска постапка (новина)
Предавањето се организираше со цел да се унапреди конкурентната способност и надворешно трговски капацитет на компании со поддршка на оптимално користење на поттекло на стоки и царинската постапка, како теми кои треба да го забрзаат и зајакнат учество на интернационални и регионални пазари, како и на домашниот пазар на макдонските компании.
Потребата за обновување и надполнување на знаењето ја иницираше МATTO, на што Царинската управа со задоволство одговори позитивно и ги вклучи како предавачи:
- г.Златко Ветеровски, Помошник директор на Сектор за царински систем
- г-ѓа Лидија Лекоска, Началник на Одделение за царинска тарифа, вредност и потекло
- г-ѓа Ирина Нелковска, Шеф на служба за поттекло
Царинската управа продолжува да ја унапредува својата улога како постојан партнер на деловната заедница, и ќе продолжи да ја врши својата мисија, насочена кон промовирање на економскиот раст и развој на државата.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1598
Согласно Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, („Службен весник на РСМ“ бр.169/2020 од 22.06.2020 година), која стапи на сила веднаш, износот на акциза за обележано гасно масло како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 се зголеми, и во моментов изнесува 18,121 ден/лит.