Почитувани,

Царинската управа во насока на навремено информирање на економските оператори на 28.12.2020 година (понеделник) со почеток во 14,00 часот ќе одржи информативна сесија на тема

ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОД 01.01.2021 ГОДИНА – ПОСТ-БРЕГЗИТ

На информативната сесија ќе бидат дискутирани следните теми:

  1. Префреренцијален трговски режим со Обединетото Кралство – нов договор за слободна трговија
  2. Примена на ССА и кумулација на потекло
  3. Транзитни постапки и  примена на ТИР во CDPS

Информативната сесија ќе се одржи далечински со помош на алатката Microsoft Teams.

Се покануваат сите заинтересирани слушатели да се пријават  најдоцна до 25.12.2020 година (петок) до 16.00 часот на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да им се испрати покана за презентацијата.

 

 

Почитувани кандидати,

1. Царинската управа ве известува дека на ден 20.01.2021 година (среда) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (бул. „Гоце Делчев“ број 9 б) со почеток во 12:00 часот, во просторијата број 1, ќе се спроведе полагање на стручен испит – ВТОР ДЕЛ односно ПОПРАВЕН испит (студија на случај) на кандидати кои:

- претходно го имаат положено првиот дел од испитот, а до сега не го полагале вториот дел од испитот, потребно е во рок од 3 дена од денот на објавување на ова известување да се пријават на е-меил адреса кај:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и кај Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., за да може да бидат пријавени во списокот на кандидати за полагање на втор дел од испитот. 

- го положиле првиот дел (теоретски дел) но не го положиле вториот дел (студија на случај), односно вториот дел ќе го полагаат повторно.

Овие кандидати потребно е да поднесат пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Рокот за поднесување на Пријавите започнува од денес 23.12.2020 и трае до 31.12.2020 година.

Уплатата се врши на следната сметка:

 

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа ул.„Лазар Личеноски“ број 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на поправен испит за лиценциран застапник.

 

 

На ден 18.12.2020 година царинските инспектори од Секторот за контрола и истраги во заедничка акција со Министерството за внатрешни работи, запленија околу 110 кг опојна дрога марихуана, со што  прекинаа меѓународен  ланец на шверц на опојни дроги.

Имено, царинските инспектори на излез од Република Северна Македонија, на ГП Ново Село, околу 21 часот, селектирале и  извршиле детална контрола на товарно моторно возилото, при што во специјално направен бункер, откриени се 102 пакувања, полиетиленски кеси, во кои била вакумирана растителна материја со зелена боја. По извршеното  тестирање на тестер за дрога  утврдено е  дека се работи за опојна дрога марихуана.

Против осомниченото лице (странски државјанин), Министерството за внатрешни работи, покрена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 став 1 и став 7 од Кривичниот законик до надлежното Јавно обвинителство во Струмица. На осомниченото лице му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3

 

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека Уверенијата за положен стручен испит за  лиценциран застапник, за кандидатите кои полагаа на ден 09.12.2020 година се изготвени. Сите кандидати кои го положија испитот можат да дојдат во просториите на Царинска управа  ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на I спрат во Одделени за царински и даночни постапки соба бр.8 , секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, започнувајќи од 18.12.2020 до 25.12.2020.

Исто така, Ве известуваме дека Уверенијата може во ваше име или во име на повеќе кандидати да ги подигне и друго лице.

Доколку некои од кандидатите се спречени да дојдат во просториите на Царинска управа или не можат да обезбедат друго лице кое во нивно име ќе го подигне Уверението за положен испит, потребно е да испратат електронска порака на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а Уверенијата ќе им бидат доставени на домашна адреса наведена во пријавата.

   

 

 

 

Членките на ЦЕФТА оваа година со комбинирани активности ја одбележуваат „Неделата посветена на CEFTA“.  На конференцијата која се одржа денес, 17 декември, се даде осврт на сите активности кои се презедоа за справување со предизвиците од  пандемијата со Ковид -19,  со цел да се намали неизвесноста и опаѓањето на економските активности. Во текот на 2020 година, за време на претседавањето на Босна и Херцеговина со ЦЕФТА се вложија напори од сите членки, се пројавија значителни иницијативи, кои покажаа сериозни резултати во справување со кризата. На конференцијата уште еднаш беше истакнато значењето на зелените коридори кои беа воведени на иницијатива на Царината на Република Северна Македонија и кои како навремено препознаена ефкасна мерка допринесоа за закрепнување и оживување на трговската размена.

Директорот Танасоски во својот настап како панелист на првата панел дискусија посветена на „Регионална економска соработка: Пресвртница во справувањето на регионот со Ковид-19 и одредница за трајно економско закрепнување”, даде осврт на имплементацијата и значењето на „зелените коридори“ за регионот, како и можностите за понатамошно олеснување на трговијата на регионално ниво. Во своето обраќање директорот даде осврт и на придобивките наменети за економските оператори од спроведување на регионалната стратегија за управување со ризици.

Што се однесува до регионот, амбициозни потфати претстојат и во блиска иднина, особено преку активностите што ќе бидат превземени  во рамки на Акциониот план за Заеднички регионален пазар 2021-2024 . Заедничкиот регионален пазар обезбедува многукратни придобивки:

  • конкурентност на цена
  • патување, студирање и водење бизнис во регионот на полесен начин и без бариери
  • зголемување на бројот на работни места
  • интегриран пазар за 18 милиони луѓе кој ќе биде поконкурентен на сцената на ЕУ и на глобално ниво
  • дополнителен раст за регионот

Конференцијата е можност за размена на мислења за идниот развој на регионот. Заклучоците кои ќе произлезат ќе бидат опфатени и во следните работни програми на органите на ЦЕФТА.  

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6

Денес, 16 декември 2020 година преку онлајн платформа директорот Танасоски и претставници од Царинската управа учествуваа на јавната расправа на тема  „Стратегија за реформа на даночниот систем 2021 - 2024“, во организација на Министерството за финансии.

Изготвувањето на оваа Стратегија произлегува од активноста која започна во 2018 година во која учествуваа засегнатите домашни институции како и меѓународни партнери. Таа го следи стратегискиот пристап кон креирање на политики усвоени од Министерството за финансии на Република Северна Македонија согласно Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 година.

Институците на Република Северна Македонија кои придонесоа за изготвување на Стратегијата и ќе бидат вклучени во нејзината имплементација се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за финансиско разузнавање и Управата за финансиска полиција.

Денес 14 декември, во организација на Стопанската комора на Македонија, а во насока на продолжување на промоцијата на работниот материјал под мотото „За посилна македонска економија во периодот на постковид 19“ на граничниот премин Табановце се одржа прес-конференција на тема ,,Приоритетни чекори за поттикнување на економската активност и раст на извозот“.

Во услови на пандемија со Ковид – 19 кои присилија на отстапување од првично планираните редовни состаноци, Светската царинска организација остана активна во контакт со царинските служби-членки и настапуваше посветено и ги продолжи своите предвидени активности во насока на хармонизација на царинското работење на глобално ниво, со цел обезбедување на непречено функционирање на ланецот на снабдување, како и унапредување на царинското работење преку користење на современи средства. 

Денес, 09.12.2020 година, преку видео-конференциска врска се одржа првиот состанок на Управувачкиот комитет на проектот за развој и имплементација на новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window - NSW), со кој претседаваше Вицепремиерот за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, заедно со директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски. Во управниот комитет покрај нив учествуаат и директорите на сите иституции надлежни во прекуграничниот проток, како и претставници на бизнис секторот.

Почитувани,

Царинската управа во насока на навремено информирање на економските оператори на 11.12.2020 година (петок) со почеток во 14,00 часот ќе одржи презентација за Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2021.

Целта на презентацијата е учесниците да се запознаат соЧ

- Измените во Царинската тарифа за 2021 година (новини и измени)

- Прилагодувања коие потребно да ги направат економските оператори во MEOS (Модулот за управување со одобренија) согласно Одлуката

Презентацијата ќе се одржи далечински со помош на алатката Microsoft Teams.

Се покануваат сите заинтересирани слушатели да се пријават  најдоцна до 10.12.2020 година до 16.00 часот на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да им се испрати покана за презентацијата.