Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден илегален патник и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, гориво, свежа риба, автоделови, велосипеди, технички производи, производи за електронски цигари, инсектициди, ѓубриво и рачен часовник.

Пред точно една година, концептот дигиталнa царина стана реалност. Со имплементацијата на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), систем кој е во ранг на најсовремените системи кои се користат од страна на земјите членки на ЕУ, Царинската управа на Република Северна Македонија е чекор понапред кон исполнување на барањата за влез во Европската Унија.

Царинската управа е водечка институција во спроведувањето на Договорот за олеснување на трговијата на СТО и во работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата. Во рамките на оценската мисија во рамки на регионалниот проект na USAID за Economic Development, Governance, and Enterprise Growth in Europe and Eurasia (EDGE), денес ги презентиравме нашите напори за спроведување на Договорот во следниве шест области: информации пред-пристигнување, управување со ризик, Овластен економски оператор и меѓународно признавање, соработка со граничните служби, Едношалтерски систем – Single Window и Националниот комитет за олеснување на трговијата.

Наодите од анализата треба да бидат основа за информирање на USAID за понатамошните напори за подобрување на условите за олеснување на трговијата и помош на економскиот раст во регионот, вклучувајќи ја Република Северна Македонија.

 

 

Известување до сите дипломатски и конзуларни преставништва  и меѓународни организации дека поднесување на барање за поврат на акциза за промет на акцизни добра направен во 2019 година, се врши најдоцна до 30.06.2020 година до Царинската управа на Република Северна Македонија.

Барањата за поврат на акциза се поднесуваат електронски во модулот Акцизи во СОЦДАД, а подетални информации за начинот на поднесување на истите се достапни во подолу наведениот линк :

 
 
 

Владата на Јужна Кореја со грант средства од 700.000 евра ќе го поддржи градењето на капацитетите на македонската Царинска управа, особено во делот  на брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови, како и анализа на ризик во е-трговија. Денес (2.06.2020 година) беше организиран состанок за отпочнување на проектот на кој присуствуваа директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, министерката за финансии Нина Ангеловска и делегација од Царинската управа на Јужна Кореја.

Во текот на минатите два месеци, царинските службеници открија илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани технички производи, храна за кучиња, кафе во зрно, облека, обувки, девизи, домашна ракија, додатоци во исхраната и фалсификати.

Привремено се задржани:

Девизи

- 6.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на косовски камион, упрвуван од косовски државјнин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. Во нјлонска кеса сместена во кабината на камионот, помеѓу двете седишта, биле пронајдени 16.000 евра за кои возачот не поседувал документ за потекло или потврда за пријавени девизни средства при влез во државата. Согласно законските одредби на возачот му се враени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

Акцизни производи

- 108 литри домашна ракија без акцизни маркички, откриени во царинската испостава Слободна зона Скопје, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин. Непријавената ракија, пронајдена во картонски кутии сместени во кабината на камионот, била привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. 

- 10 штеки цигари ОМЕ без акцизни маркички, откриени при контрола на македонски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во најлонски кеси сместени под долниот кревет во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Додатоци во исхраната

- 195 литри сируп за слабеење Honey Slim, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на камион со привремени холандски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во дрвени сандаци  и пластични саксии сместени во задниот дел на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Разна стока

- 180 килорами храна за кучиња, 26 килограми кафе во зрно, 1050 капсули со кафе за кафемат, 20 употребувани бандажи со гуми и 15 парчиња употребувани технички производи (телевизори, аспиратори, фрижидери, кафемати, правосмукалки и друго), откриени од страна на мобилните царински тимови во соработка со Одделението за истраги, при контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за физичко лице од с.Долна Белица. Производите кои не биле опфатени со увозната царинска декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

- 2 парчиња инвертори за енергија  Power inverter 3000 W и 1 парче инвертор за енергија Power inverter 2000 W, откриени при контрола на македонско товарно моторно возило, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените инвертори, пронајдени под седиштата во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. 

- 335 пара и 159 парчиња готови текстилни производи, за кои немало никаква документација за потекло и платени давачки, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при вршење на длабинска контрола на патниот правец Скопје-Велес, во близина на патарината пред Велес, на македонско патничко моторно возило, управувано од македонски државјанин, кој бил придружуван од друг македонски државјанин. Готовите текстилни производи, пронајдени во црни најлонски кеси и картонски кутии сместени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против сопатникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 60  пара влечки, 12 пара еспадрили, 12 пара спортски обувки и 12 пара женски чевли,  откриени при контрола на македонско товарно моторно возило, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока, пронајдена во 1 картонска кутија покриена со дел од церада и сместена во товарниот простор на полуприколката и во 4 картонски кутии покриени со прекривка и сместени во просторот на креветот во возачката кабина на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.   

Мигранти

- 6 илегални мигранти, откриени од страна на мобилните царински тимови  при вршење на длабинска контрола во близина на граничниот премин Табановце автопат. Мигрантите, кои не поседувале документи за идентификација и се движеле кон Скопје, изјавиле дека се државјани на Пакистан, а во државата влегле илегално од Србија и преку железничката пруга сакале да заминат кон Грција. Истите се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 13.993 парчиња разни текстилни производи (фармерки, блузи, дуксери, маици, елеци, тренерки, јакни и друго) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени  при контрола на турски камион, управуван од турски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Камионот бил натоварен со текстилни производи со потекло од Турција, наменети за повеќе фирми од Германија. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските одредби ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. 

- 92 капачиња за автомобилски тркала и 8 стикери за автомобили, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на поштенска пратка од Саудиска Арабија наменета за физичко лице од Гостивар. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските одредби ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. 

Cigari, Bogorodica
Cigari, Bogorodica
Devizi, mobilna
Devizi, mobilna
Dodatoci vo ishranata, mobilna
Dodatoci vo ishranata, mobilna
Domasna rakija,Slobodna zona
Domasna rakija,Slobodna zona
Invertor, Novo Selo
Invertor, Novo Selo
Migranti, mobilna
Migranti, mobilna
Obuvki, Bogorodica
Obuvki, Bogorodica
Razna stoka 1, mobilna
Razna stoka 1, mobilna
Razna stoka 2,mobilna
Razna stoka 2,mobilna
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9

Во рамки на видео работилница, претставници на Царинската управа и на Министерството за финансии, заедно со колегите од австриската царина учествуваат на повеќе-дневна работилница за реформа на царинското законондавство. Работилница се одржува во рамките на новиот твининг проект за Подобрување на наплатата на приходи и подобрување на даночната и царинската политика, финансиран од страна на Европската унија.

Во рамки на проектот предвидена е изртаботка на нов Царински закон што ќе биде целосно усогласен со новиот Царински закон на Унијата, што се применува од 2016 година и кој треба да придонесе за понатамоишно забрзување и поедноставување на царинските постапки.

20200519_094338
20200519_094338
20200526_090430
20200526_090430
20200526_090440
20200526_090440
Previous Next Play Pause
1 2 3

 

Царинската управа ги известува приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник дека  на 14 мај 2020 година е донесена и објавена во Службен весник број 125/2020 Уредба со законска сила за изменување  на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите* за време на вонредна состојба  со која рокот за поднесување на гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување е заклучно со 31 декември 2020. 

Скопје, 21.05.2020

 

 

Во организација на Царинската управа во рамки на македонското претседателство со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки, преку видео конференциска врска денеска се одржа 19ти состанок. 

Царинската управа во рамките на македонското претседателство со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки во четврток 14.05.2020 година ќе го организира 19-тиот состанок на Поткомитетот за царина и потекло на стоки.